Работни позиции во Одделот за човечки ресурси: Посакуваме совршен тим
Ова е причината зошто Одделот за човечките ресурси се фокусира на пронаоѓање и негување на најдобрите таленти и систематски развој и насочена комбинација на сите различни вештини на нашите вработени. Затоа ни треба совршен тим за нашиот оддел за човечки ресурси.
Знаеме дека нашите вработени го даваат најважниот придонес за деловниот успех. Ова е причината зошто нашиот Оддел за човечки ресурси се фокусира на луѓето - било да е тоа во потрагата по најдобрите таленти или во систематскиот развој на вештините на нашите вработени.
За DRÄXLMAIER, кој успешно функционира повеќе од половина век, се покажа дека потенцијалот на семејното деловно работење се развива со посветеноста и сплотеноста на вработените. Луѓето во DRÄXLMAIER ја рефлектираат и проектираат корпоративната култура - тие се симпатичното лице на семејната компанија која е активна на глобално ниво.
Добриот развој на вработените и меѓусебната персонална комуникација треба да се поттикнат. Тoa e можно преку задачи кои активно ќе придонесат за создавање позитивна и пријатна работна атмосфера преку националните и културните граници и ќе ја поттикнат продуктивноста и ефективноста на вработените.
Работни позиции во одделот за човечки ресурси: навистина добри
За нашите работни позиции во Одделот за човечки ресурси, бараме квалификувани, страсни, посветени личности. Станува збор за многу повеќе од само работни позиции во Одделот за човечки ресурси.
Сакаме да ги пополниме нашите работни позиции во Одделот за човечки ресурси со вработени кои се заинтересирани за луѓето во нашата семејна компанија. Се потпираме на луѓе кои се високо мотивирани да помогнат во обликувањето на уникатната DRÄXLMAIER култура и да ја исполнуваат со живот повторно и повторно.