Општествена одговорност

Ние сме семејна компанија со традиција од над 60 години. Затоа, се однесуваме одговорно кон луѓето кои нѐ придружуваат како компанија.

Нашите вредности

„Во DRÄXLMAIER, доверливоста, довербата и толеранцијата се од особено значење и ја карактеризираат нашата корпоративна и менаџерска култура како централни вредности. Овие вредности ги одредуваат нашите постапки – како привлечен работодавач за повеќе од 70.000 вработени, како добар сосед во близина на нашите локации и како посветен деловен партнер низ глобалните синџири на снабдување“.

Роланд Полте,

Главен директор за човечки ресурси

Посветени на нашиот став

Во фокусот на нашето внимание: нашите вработени. Нивните перформанси и мотивација се моторот што го движи нашиот успех. Нивната експертиза и страст ги поставуваат темелите за иновации и идна одржливост. Но, ние исто така сакаме да се однесуваме фер и одговорно со нашите деловни партнери, исто како и многуте соседи што ги имаме на нашите повеќе од 60 локации ширум светот. Како корпоративни граѓани, ние сме посветени и на широк спектар на проекти со цел да дадеме придонес за одржливиот развој на општеството од кое се сметаме себеси за дел.

Локални проекти

Традиционална семејно - компаниска забава во DRӒXLMAIER Македонија .

За следните генерации

Како семејна компанија размислуваме во однос на генерациите, такашто обуката на младите ни е особено важна. Вложуваме многу во нашите практиканти, бидејќи нивните вештини и експертиза се основата за нашата иднина.

Социјална посветеност

Како глобално активна компанија, Групацијата DRÄXLMAIER се смета себеси за дел од општеството. Сакаме да бидеме партнер на регионите кадешто делуваме.