DRÄXLMAIER Историја
					Пишуваме
				
						автомобилска историја
					
Набрзо откако DRÄXLMАIER Group ја основаше DRÄXLMАIER Македонија, се формира почетниот тим, а потоа следуваа стручни обуки и тренинзи за вработените во земјата и странство. Производството на кабелски сетови за премиум сегментот во автомобилската индустрија беше преместено од привремената хала во ново изградена хала во близина на Кавадарци, а DRÄXLMАIER Македонија стана еден од најголемите работодавачи во земјата и лидер во процесот на имплементација на дуалното стручно образование во средните училишта.
пред 2012: Историјата на семејството Дрекслмајер (Dräxlmaier)
				
					Од чевли
				
				
					
						и кожни панталони
					
				
			
Во 1958 Фриц и Лиза Дрекслмајер Сениор основаа нова компанија. Прва нарачка на тукушто формираната компанија: производство на 50.000 жици за автомобилот „Goggomobil“. По кратко време од создавањето и неизвесениот интерес кој постоеше за подоцнежниот култен автомобил, основањето на компанијата се покажа како вистински потфат. Трудољубивоста и генијалноста на основачите брзо ја ставија компанијата на патот кон успехот. Со помош на домашни работници и вилушки од прибор за јадење, наскоро се произведуваат првите прицврстувачки кабли и се дистрибуираат до Hans Glas GmbH. Кратко потоа следи првата нарачка за ентериер: DRÄXLMAIER, исто така, е добавувач на облоги за врати за „Goggo“.




Прв дел: Старт во Македонија
				
					Почетокот 
				
				
					
						е означен
					
				
			
Во 2012 година DRÄXLMAIER Group ја основа фирмата DRÄXLMAIER Македонија. По оформувањето на првичниот тим за идните вработени беа организирани стручни обуки и тренинзи во земјата и странство. Кон крајот на годината стратуваше производствениот процес, првично во привремена хала во Кавадарци, а истовремено започна изградбата на нова производствена хала во близина на Кавадарци.
2013-2014: Почеток на сериско производство
				
					Кабелски системи за
				
				
					
						премиум сегментот
					
				
			
Означен е почетокот на сериското производство на кабелски системи за премиум сегментот во автомобилската индустрија. Истата година производството се преместува во новоизградените производствени капацитети.




2015 - 2016: Најголем работодавач
				
					Зголемен број
				
				
					
						на нарачки
					
				
			
DRÄXLMAIER станува еден од најголемите работодавачи во Македонија. Како резултат на висококвалитетен производ и зацврстување на стекнатата доверба кај клиентот, бројот на нарачките се зголемува за што се активираат и нови производствени линии.
2018 - 2019: Семеен ден
				
					Семејно-компаниска
				
				
					
						забава
					
				
			
Илјадници гости, вработени во DRÄXLMAIER, но и нивните најблиски беа дел од традиционалната семејно-компаниска забава. Вработените ги донесоа членовите на нивните семејства во фабриката, каде ги очекуваше целодневна забава и разонода. Истовремено, тие добија можност да видат каде нивните најблиски го поминуваат својот работен ден.


DRÄXLMAIER во иднина
				
					Мобилност на
				
				
					
						иднината
					
				
			
Во иднина, автомобилите ќе работат автономно, мрежно и целосно напојувани со електрична енергија. DRÄXLMAIER е веќе оптимално подготвен за промените во автомобилската индустрија. Сакате ли да помогнете во обликувањето на иднината на DRÄXLMAIER?
