Деловната партнерка за човечки ресурси Роберта Сасо уште од училишните денови сонувала да живее во Германија. „Ги сакам јазикот и културата, а бидејќи неколку пати ги посетував додека студирав, имам и многу пријатели во Германија“, објаснува Роберта која има италијанско потекло. Таа првично се приклучи на DRÄXLMAIER тимот во Торино. Почнувајќи од 2016 година, беше одговорна за сите прашања од областа на човечки ресурси во Италија и Шпанија.

 

Преслба во Визлбибург

На почетокот на 2020 година доби можност да премине во седиштето на DRÄXLMAIER во Вилзбибург. „Аплицирав за интерна позиција во меѓународни човечки ресурси, бидејќи бев сигурна дека преку моето работно искуство можам да понудам нова перспектива. Мојот претпоставен го поддржа моето преместување во Германија“, вели Роберта. Таа веќе неколку месеци живее токму на градскиот плоштад во Вилзбибург. „Уживам да пешачам до работното место, сѐ додека времето дозволува“, објаснува Роберта. А, ако има желба да јаде суши, таа се качува во својот автомобил и оди до Ландшут кој е оддалечен само 20 минути возење од Вилзбибург.

 

Дома во Баварија

Роберта за брзо време се пресели во Баварија. Покрај италијанскиот и германскиот, менаџерката за човечки ресурси течно зборува англиски, француски и шпански јазик. Но, таа во Долна Баварија најде врска и со нејзината родна земја. На Фејсбук се поврзала со други италијанци со кои се собираат секоја недела и зборуваат само италијански. „Тоа се моменти за релаксација по завршувањето на работните активности“, вели Роберта.