Што значи да се работи како летечки доктор во DRÄXLMAIER?

Мариан е инженер за развој. Како летечки доктор, тој патува низ DRÄXLMAIER локациите ширум светот за да ги анализира грешките и да ги решава проблемите во сложените високонапонски системи.

 

Брзина и флексибилност

„Кога станува збор за батериите од 800 волти, производителите на премиум автомобили, на пример, се потпираат на нашата дијагностичка експертиза. Доаѓаме на локацијата на клиентот како експерти за анализа на дефекти и обезбедуваме поддршка од развој до сериско производство“, вели Мариан, кој координира тим составен од 11 летечки доктори во DRÄXLMAIER. „Бидејќи грешките вообичаено се случуваат одненадеж, мораме да бидеме исклучително брзи и флексибилни. Решавањето проблеми е навистина моја работа. Ја сакам оваа задача“.

 

Целосна доверба

Тимскиот дух на DRÄXLMAIER летечките доктори е единствен затоа што работата со високонапонските системи бара максимална прецизност и апсолутна доверба. „Секогаш можеме да сметаме на меѓусебната поддршка во тимот“, вели Мариан. „Со оглед на тоа што секој член на тимот е експерт во одредена област, можам соодветно да доделам задачи“.

 

Соработка помеѓу одделите

Мариан апсолутно ужива во фактот што неговите задачи се разликуваат една од друга. Тој, исто така, ја цени можноста за соработка со различните оддели: „Меѓу другото, наша задача е да го намалиме она што ја предизвикува грешката и да дојдеме до основната причина во соработка со специјалисти од системско тестирање, софтвер, хардвер, електричен или механички развој. Притоа, ние тесно соработуваме со соодветните области од квалитет, а локациите можат да имаат корист од нашето искуство и експертиза. Се поддржуваме меѓусебно!“

 

Посетување локации

Покрај тоа што соработуваат со различните оддели, DRÄXLMAIER летечките доктори патуваат низ целиот свет. За Мариан, задачите во странство - во Јужна Африка, Шведска или Шпанија, на пример, се дел од секојдневното работење. „Преку моите патувања, изградив меѓународна мрежа“, вели тој. „Во исто време, ние исто така се потпираме на решенијата за дигитален облак. Со помош на очила за проширена реалност, ние дури и ги поддржуваме колегите во други фабрики од далечина“.