Засадени околу 500 садници во прилепско

21. март 2022 DRӒXLMAIER со успешна акција за пошумување во пресрет на Денот на пролетта

Вработените во DRӒXLMAIER Македонија, во пресрет на Денот на пролетта - 21 март, успешно ја реализираа акцијата за пошумување во месноста Песиобрце во околината на Прилеп. Во соработка со јавното претпријатие „Национални Шуми“ подружница Прилеп, беа засадени околу 500 багремови садници.

Во насока на развивање на свеста за грижата на животната средина, DRӒXLMAIER заедно со своите вработени продолжува да иницира и да организира бројни активности. Како и многупати до сега, вработените преку волонтерски пристап и многу мотивираност покажаа дека само со заедничко дејствување можеме да придонесеме кон заштитата на животната средина.

„Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет. Преку реализацијата на ваквите акции заедно со нашите вработени сакаме да бидеме добар пример, но и да дадеме поттик за развивање на свеста за грижата на животната средина“, вели Лукас Мирингер, Управител на  DRӒXLMAIER Македонија и додава дека само со одговорно однесување сите заедно можеме да создадеме подобри услови за живот на сегашните и идните генерации.

Потребниот алат за реализација на акцијата за пошумување беше обезбеден од страна на јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Прилеп, а не изостана и стручната поддршка од локалниот тим од шумарски инженери. „Поради послeдните пожари, потребата од обновување на шумскиот фонд е видлива. Задоволство ни е што големите и општествено одговорни компании како што е DRӒXLMAIER иницираат вакви акции со што покажуваат особена грижа за заштита на животната средина“, вели Хилда Црнеска, инженер во прилепската подружница на ЈП „Национални шуми“.

Според Бранко Насески, вработен во DRӒXLMAIER, ваквите акции се одлична можност за меѓусебна дружба, но и за развивање на тимскиот дух кај вработените. „Навистина сум среќен што DRӒXLMAIER често организира активности за заштита на животната средина, меѓу кои и волонтерските акциите за пошумување. Драго ми е што денеска имав можност да засадам дрвца и да придонесам за убава и зелена животна средина“, гордо вели Борче Николоски, исто така вработен во DRӒXLMAIER.

DRӒXLMAIER продолжува во целост да ја следи својата стратегија за заштита на животната средина на начин што ќе придонесе за општото добро на заедницата во која делува. Претходно, вработените во DRӒXLMAIER, успешно ја реализираа акцијата за пошумување во месноста Страгово во регионот на Кавадарци, а во неколку акции за пошумување во изминатиот период беа засадени околу 10.000 садници.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.