Возило за персоналот на болницата во Кавадарци
Компанијата Дрекслмајер излезе во пресрет на потребите на медицинскиот персонал и во рамки на својата програма за општествена одговорност го предаде возилото во сопственост на оваа здравствена установа. Клучевите од автомобилот му беа врачени на директорот на болницата др. Диме Коцев од страна на генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.
„Благодарност до Дрекселмаер за поддршката која ни ја дава. Возилото што го добивме е од голема полза за персоналот на болницата што придонесува отсега и ние да бидеме помобилни и подостапни“, истакна директорот на болницата др. Коцев, за време на примопредавањето на автомобилот. „Благодарение на оваа компанија нашата болница располага и со најсовремени апарати гастроскоп и колонскоп и е единствена во целиот регион во која се вршат прегледи со оваа апаратура“, додаде др. Коцев. Медицинските апарати кои беа донирани придонесоа пациентите од регионот брзо да закажуваат прегледи во болницата во Кавадарци и повеќе да не се упатуваат во поголемите клинички центри.
„Драго ми е кога заеднички постигнуваме нови цели. Покрај медицинската опрема, овој пат сакавме да излеземе во пресрет на медицинскиот персонал и среќни сме за укажаната можност да ја олесниме секојдневната работа на тимот во болницата", рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Преку реализација на голем број проекти од различен карактер компанијата Дрекслмајер останува доследна на својата мисија да го поддржува регионот. И во иднина спроведувајќи бројни активности ќе останеме негов лојален партнер.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.