Волонтери од DRӒXLMAIER засадија околу 1600 садници во акција за пошумување
Дел од вработените во DRӒXLMAIER преку волонтерски пристап засадија околу 1600 садници од видот багрем во акција за пошумување која беше реализирана во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ подружница Кавадарци. Засадувањето се одвиваше на локација во месноста Страгово во близина на Кавадарци на соодветно подготвена земјена површина од страна на локалниот тим на претпријатието. Тие, исто така, го обезбедија потребниот алат за работа, како и стручна поддршка за време на акцијата.
Заедничко делување за подобра иднина
Денес сѐ повеќе се зборува на темата глобално затоплување и климатски промени каде зеленилото има клучна улога. Шумите претставуваат многу важна природна вредност и оттука се идентификува потребата за заеднички придонес за зголемување на шумскиот фонд, а преку тоа заштита на климата и животната средина. „Многу е важно заедно да делуваме во поглед на ова прашање. Им благодариме на нашите колеги – волонтери кои ја разбираат важноста на потребата за проширување на шумските површини и со висока мотивираност се приклучуваат кон акциите за пошумување, така што ќе обезбедиме здрава иднина за нас, но и за идните генерации“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.
Волонтерството како важен принцип на делување во рамки на заедницата
Ладното време не ги поколеба вработените уште еднаш на дело да го покажат својот волонтерски дух, но и силната волја за придонес кон заштита на животната средина. „Волонтерството не значи да направите нешто добро само за другите луѓе, туку да дадете и свој придонес во насока на создавање одржливо општество на пример преку заштита на животната средина. Дополнително, преку овие акции, ние се дружиме и уште повеќе го зајакнуваме тимскиот дух“, вели Сашко Петров, вработен во DRӒXLMAIER.
Заедничка соработка, основа за успех
И вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ од подружницата Кавадарци не го криеја своето задоволство поради континуираната соработка со DRӒXLMAIER. „Особено ни е драго затоа што компанијата со своите вработени иницира акции за пошумување. Нека биде ова уште еден добар пример за сите, а особено за младите генерации кои мора да разберат колкава е важноста на шумите и дека само со заедничка соработка можеме успешно да делуваме“, велат претставниците од ЈП „Национални шуми“, подружница Кавадарци.
Вработените волонтери од двете DRӒXLMAIER фабрики во Кавадарци и Куманово, до сега, за време на бројни волонтерски акции на различни локации засадија над 12.000 садници.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.