Традиционален DRÄXLMAIER Семеен ден

02. октомври 2019 Илјадници гости, вработени во Дрекслмајер, но и нивните најблиски минатата недела беа дел од традиционалната семејно-компаниска забава.

Мината недела компанијата Дрекслмајер беше исполнета со детски џагор и весела атмосфера. Вработените ги донесоа своите семејства во фабриката, каде ги очекуваше целодневна забава и разонода. Програмата беше исполнета со разновидни и интересни содржини за сечиј вкус, почнувајќи од најмалите па до оние повозрасните.

За доброто расположение и веселата атмосфера се погрижија музичките ѕвезди Влатко Лозаноски, групата „Љубојна“ и Симона Поповска, а гостите низ програмата ги водеа актерите Гораст Цветковски и Зоран Љутков.

Покрај музичкиот дел, присутните имаа можност да го проверат своето знаење за компанијата во која работат, учествувајќи во награден квиз. Оние најуспешните, дома си понесоа и награди. Секако тука беа и спортските игри во кои учествуваа дел од вработените, каде имаа можност да го зајакнат и тимскиот дух.

Особено интересна за посетителите беше и организираната обиколка во производствените хали на компанијата. Членовите на семејствата на вработените добија можност да видат каде нивните најблиски го поминуваат својот работен ден.

„Поминавме прекрасен ден исполнет со забава и многу интересни содржини, особено за децата. Дојдов со моите внуци, кои се чувствуваа како во луна парк. За нив ова беше незаборавно доживување“, ни раскажа Калина Ристова, вработена во Дрекслмајер.

Бобан Наков, се надоврза: „Интересен ден со програма за сечија возраст. Моето семејство имаше прилика да види каде го поминувам работното време. Особено интересна им беше прошетката низ производствените хали, каде им раскажував за нашите компаниски процеси.“

Не беше заборавен и едукативниот момент за најмалите. Работилницата за практична настава наменета за учениците од програмата за дуално стручно образование беше претесна да ги собере дечињата кои изработуваа свои креации од остатоци од материјалите што се користат во производствениот процес.

Покрај забавата, гостите уживаа и во традиционални баварски специјалитети приготвени специјално за нив.

„Среќен сум што голем дел од вработените заедно со своите семејства беа присутни на настанот и вистински се забавуваа. Тие се за нас столбот на компанијата и ме радува тоа што заедно поминавме еден поразличен ден, кој веќе стана и наша традиција“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.