Тимот на DRÄXLMAIER со еко акција во Кавадарци

22. април 2024 Пролетно разубавување во градот преку засадување повеќе видови украсни садници од страна на волонтерскиот тим на DRÄXLMAIER

Во волонтерска акција дел од вработените, но и дел од практикантите во DRÄXLMAIER засадија декоративни садници кои ќе го разубавуваат просторот пред влезот во ученичкиот интернат и СОУ „Киро Спанџов – Брко“. Садници од типот фотиниа, каталпа и евонимус ќе му дадат нов лик на малиот парк во околината на овие образовни институции.

Еко акцијата беше реализирана во пресрет на Меѓународниот ден на планета Земја како инцијатива и мотив за унапредување на заштитата на климата и животна средина.  

„Чиста и здрава животна средина во која живеат задоволни граѓани можеби е еден од поголемите предизвици со кои се соочуваме денес. DRÄXLMAIER во континуитет ги применува принципите за заштита на климата и животната средина и драго ни е што заедно со нашите вработени и со нашите практиканти имаме можност да дадеме свој придонес во рамките на оваа тема. Преку реализација на бројни еко активности сакаме да бидеме препознаени како сигурен партнер на заедницата во насока на поддршка при заштитата на животната околина“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.

ЈП „Паркови и зеленило“ ги направи потребните подготовки на земјенета површина за засадување, обезбеди алат и техничка поддршка, а во претходна координација со стручниот кадар на претпријатието беше одреден видот на зеленилото.

„Особено сме среќни затоа што иницијативата за засадување зеленило беше поттикната од страна на DRÄXLMAIER. Добро е кога компаниите покажуваат интерес за придонес во развојот на заедницата, а уште позначјано е кога волонтерски се вклучуваат и вработените и учениците. Сакаме да искажеме огромна благодарност до DRÄXLMAIER и сигурни сме дека одличната соработка ќе продолжи и во иднина“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“, подружница Кавадарци.

DRÄXLMAIER е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години и се однесува одговорно не само кон луѓето, туку и кон заедницата преку реализација на проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое се смета себеси за дел.

 

 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.