Со поддршка од DRӒXLMAIER ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово доби нова сензорна соба
Основното училиште „Браќа Миладиновци“ од Куманово, со поддршка од DRӒXLMAIER Македонија, доби целосно опремена сензорна соба наменета за ученици со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот. Сензорната соба е опремена со специјални реквизити и дидактички средства и помагала каде што со соодветна стручна помош ќе се постигне инклузија на учениците.
Сите деца се подеднакво важни и заслужуваат поддршка
Новото катче во ООУ „Браќа Миладиновци“ е прилагодено, така што учениците ќе можат да поминуваат одредено време таму, ќе другаруваат и ќе ги развиваат своите сензорни способности. „Драго ни е што имаме можност да дадеме придонес во унапредувањето на воспитно-образовниот процес особено во делот на создавање еднакви услови за развој на децата уште во рана возраст“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
DRӒXLMAIER ги следи потребите на заедницата кадешто делува
За директорката Јасмина Спасевска оваа донација има огромна важност, бидејќи стручните кадри ќе имаат можност уште подобро да одговорат на потребите на децата со попреченост и да го реализираат својот наставен план. „За нас како образована институција детскиот развој е приоритет. Овозможувањето на соодветно инклузивно образование, а со тоа и инклузивна култура сѐ повеќе води кон активно вклучување на дечињата со попреченост во секојдневните активности“, потенцира Спасевска изразувајќи голема благодарност до DRӒXLMAIER Македонија со чија поддршка за многу кратко време беше опремена сензорната соба.
Како општествено одговорна компанија, DRӒXLMAIER Македонија во континуитет преку бројни проекти и активности ја поддржува заедницата и регионите кадешто делува. Покрај сензорната соба во ООУ „Браќа Миладиновци“, компанијата претходно го поддржа опремувањето и на сензорната соба во ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.