Слатко изненадување за Новогодишните празници
За посреќни и повесели празници Дрекслмајер им подари новогодишни пакетчиња на дечињата од неколку градинки во Куманово и кумановско. Околу 300 деца од клоновите „Детелинка“ , „Кокиче“ и „Сонце“ од Куманово, како и клонот „Изворче„ од Старо Нагоричане добија новогодишен подарок од Дрекслмајер.
Најмалите се тие коишто најмногу ја чувствуваат магијата на празниците и најмногу му се радуваат на Дедо Мраз. Како и секоја година, така и оваа компанијата им подготви слатки задоволства на дечињата покажувајќи дека среќата којашто се споделува станува уште поголема.
„Ова се денови кога покажуваме дека семејството, пријателите, соработниците и заедницата во која делуваме ни значат многу. Драго ни е што донесовме среќа и многу насмевки на лицата на дечињата. Им посакуваме да бидат здрави, уште посреќни и повесели во новата година!“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија.
Децата искрено се израдуваа на новогодишните подароци, а воспитувачките искажаа голема благодарност до Дрекслмајер.
„Децата се многу среќни кога добиваат подароци. Преку подарувањето ги учиме дека покрај за себе, треба да се грижат и за останатите. Би сакала да искажам голема благодарност до Дрекслмајер, затоа што како и многу пати до сега покажа дека е општествено одговорна компанија која мисли дури и на најмалите“, рече Марина Алексовска, директор на градинката „Ангел Шајче“ во Куманово.
Доследно следејќи ја стратегијата за општествена одговорност, Дрекслмајер заедно со своите вработени ќе продолжи да иницира и да реализира проекти и активности во знак на поддршка на заедницата во која делува.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.