Продолжува бесплатната школа за кошарка за основци поддржана од DRӒXLMAIER

15. септември 2023 Компанијата континуирано дава свој придонес за развој на спортот во Кавадарци, но и во регионот

Со поддршка од DRӒXLMAIER и оваа година продолжува бесплатната школа за кошарка за сите заинтересирани ученици од основните училишта во Кавадарци. Тренинзите се одвиваат секој работен ден во неколку групи и возрасни категории во спортската сала „Јасмин“, така што можност да тренираат имаат и почетници, но и ученици кои веќе имаат познавања од кошарката. Термините за тренинг се определени согласно училишните активности на учениците, а се одвиваат со стручна поддршка од страна на искусни тренери за кошарка.

DRӒXLMAIER со поддршка за спортот

За време на своето долгогодишно опстојување во земјава, DRӒXLMAIER иницира и реализира широк спектар на проекти со цел да даде придонес на одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел. „Веќе неколку години во континуитет ја поддржуваме школата за кошарка наменета за основците во Кавадарци и среќни сме што учениците, како момчињата така и девојчињата, пројавуваат голем интерес за спортување. Би сакал да им порачам да ги негуваат своите кошаркарски таленти и да уживаат во кошаркарската игра и времето поминато со своите другарчиња“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

И вработените во DRӒXLMAIER спортуваат

Вработените се во фокусот на вниманието на компанијата. Тие, исто така, веќе неколку години по ред по завршувањето на работните активности имаат можност два пати неделно да спортуваат во салата „Јасмин“. „Преку спортот уште повеќе го зајакнуваме тимскиот дух, добиваме многу позитивна енергија и дејствуваме во насока на одржување добро здравје, но и баланс помеѓу работата и слободното време“, истакнуваат вработените во DRӒXLMAIER.

Благодарност до DRӒXLMAIER

Практикувањето редовна физичка активност е особено значјано за учениците. „Упатуваме голема благодарност до DRӒXLMAIER за поддршката што ни ја овозможува. Децата се нашата иднина и заеднички треба да ги поддржуваме и да ги насочуваме на вистинскиот пат“, вели Зорица Стојанчевска, директорка на спортската сала „Јасмин“. „Тие еден дел од времето го поминуваат седејќи во училишните клупи, а дигитализацијата и постојаното користење паметни телефони се дополнителна причина да ги поттикнеме да се занимаваат со спорт. Така ќе создадат здрава навика за редовна активност, но и можност за социјализација со своите врсници“, објаснува Стојанчевска.

DRӒXLMAIER, како и до сега, продолжува да дава свој придонес во обликувањето и подобрувањето на областите кадешто делува – од културна, социјална и економска перспектива.

 

 

 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.