Преку заштита на животната средина инвестираме во иднината

04. декември 2018 Во акцијата за пошумување организирана од Дрекслмајер, беа засадени над шест илјади садници во близина на Кавадарци.

Во склоп на компанискиот проект за заштита на животната средина и одржливост, Дрекслмајер во соработка со ЈП Македонски шуми, подружница Кавадарци како и Општина Кавадарци организира акција за пошумување. Потребниот алат и механизацијата е донација од Дрекслмајер со поддршка на вработените во компанијата кои волонтерски минатиот викенд земаа учество во пошумувањето.

„Заштитата на животната средина е инвестиција во иднината. Целта е да насадиме што повеќе дрвца сега, за да ги видиме резултатите по неколку години. Дрвата не ги садиме само за себе туку и за идните генерации“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

И десетина средношколци, кои се дел од дуалниот образовен модел на Дрекслмајер, доброволно се приклучија на тимот на Дрекслмајер и вредно засадуваа дрва поделени во неколку тимови. 

Акцијата не би била до крај успешна без стручната поддршка и координација од страна на екипата од кавадеречката подружница на ЈП Македонски шуми: „Ја предложивме локацијата над Ваташкиот рид затоа што земјиштето на овој терен е доста ерозивно. Со посадување на багремови садници ќе ја спречиме понатамошната ерозија и ќе го заштитиме ова подрачје“, истакна Петко Ристовски, раководител на Подружницата за заштита на шумите.

„Ја поздравувам иницијативата за организирање на активности од овој тип. Убаво е чувството кога на крајот од денот знаете дека со својот ангажман сте придонеле за општото добро, но и за иднината на нашите деца“, Петко Јанкулов, вработен во Дрекслмајер. 

Заштита на животната средина, вложување во општествената заедница и волонтеризмот се дел од општествено одговорните стратегии на компанијата Дрекслмајер, кои ќе продолжат и во иднина.

 

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.