Подарок од DRӒXLMAIER за градинката „Рада Поцева“ од Кавадарци
DRӒXLMAIER со дигитално пијано ги изненади дечињата од клончето „Сонце“ во рамки на градинката „Рада Поцева“ од Кавадарци. Со помош на пијаното, а преку соодветно осмислена музичко – едукативна програма од страна на стручниот кадар во градинката, тие со песна и музика ќе се релаксираат, но и ќе ги развиваат моторичките функции.
DRӒXLMAIER ги следи и потребите на најмалите
„Особено ни е драго што можеме да излеземе во пресрет на потребите на градинката и да го поддржиме воспитно образовниот процес на најмалите во предучилишните установи. Музиката носи радост, а децата треба секогаш да се весели и насмеани“, вели Лукас Мирингер, генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.
Пијаното е примарен музички инструмент во градинките. Иако ќе биде поставено во клончето „Сонце“ , него ќе го користат и другите објекти на градинката не само за време на часовите по музичко образование, туку и за време на други посебни музички активности и приредби.
DRӒXLMAIER од своето основање до денес во контитнуитет ја поддржува градинката
Цана Добринова, директорка на градинката искажа голема благодарност до DRӒXLMAIER за континуираната поддршка којашто компанијата од своето основање во Кавадарци низ годините наназад ѝ ја овозможува на градинката. „Слушаме различни видови музика и ја следиме реакцијата на дечињата. Некои се повеќе, а други помалку музикални, но сите подеднакво уживаат во доброто расположение. Музиката и песната го збогатуваат нивниот речник, ја подобруваат нивната концентрација и меморијата“, вели Горан Ѓорев наставник по музичко образование во ЈОУ „Рада Поцева“.
Претходно дечињата ЈОУ „Рада Поцева“ како подарок од DRӒXLMAIER добија нови шкафчиња, едукативно – дидакатички средства како и многу празнични подароци. Преку бројни проекти, во насока на унапредување на образованието, DRӒXLMAIER овозможува поддршка за образовните институции од различни нивоа во регионите кадешто делува.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.