Подароци од DRÄXLMAIER за градинката во Крива Паланка

30. октомври 2024 Компанијата овозможи нови едукативно-дидактички средства за дечињата од оваа воспитно–образовна установа.

Подарокот од DRÄXLMAIER во вид на едукативно дидактички средства донесе многу среќа и насмевки на лицата на дечињата од градинката „Детелинка“ во Крива Паланка. Преку овој свој придонес компанијата има за цел да даде поддршка за подобрено искуствено учење и престој во градинката, но и да го поттикне развојот на младите умови во нашата заедница.

Едукативните и дидактичките средства донирани од DRÄXLMAIER вклучуваат интерактивни алатки за учење и се дизајнирани да ги подобрат когнитивните вештини кај децата. Тие ќе ја охрабрат нивната креативност, но и ќе го поттикнат личното самоизразување. Користејќи ги овие средства преку работа во група заедно со стручниот кадар од градинката, кај децата ќе се поттикнат вештините за тимска работа, меѓусебна комуникација и социјална интеракција како и вештините за писменост што преставува основа за иден образовен успех.

„Драго ни е што имаме можност да придонесеме за унапредувањето на можностите за учење и развој на дечињата од градинката во Крива Паланка. Ние во DRÄXLMAIER веруваме во моќта на образованието да ги трансформира животите на младите луѓе и на заедницата на едно понапредно ниво. Со донацијата на овие едукативно дидактички материјали, се надеваме дека кај децата ќе поттикнеме љубов кон учењето и ќе им помогнеме целосно да го развијат својот потенцијал“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.

Донацијата на овие едукативно дидактички средства е од особено значење, затоа што дечињата, во оваа рана фаза од нивниот развој ќе имаат пристап до квалитетни образовни ресурси кои значително ќе влијаат на нивниот когнитивен, социјален и емоционален развој во една стимулативна и поддржувачка средина.

„Би сакала да изразам неизмерна благодарност до DRÄXLMAIER Македонија заради нивната иницијатива за реализација на оваа донација. Среќни сме затоа што компанијата се сети на нашата градинка и донесе многу радост кај дечињата. Едукативните дидактички средства ќе бидат ставени во функција веднаш и верувaме дека ќе направат разлика во секојдневниот образoвен процес“, рече Олгица Дејановски, директорка на градинката во Крива Паланка.

Компанијата, претходно, за дечињата во градинките во регионите кадешто делува овозможи не само едукативно-дидактички средства, туку и нови масички и столчиња, креветчиња со душеци, перничиња, шкафчиња, целосно реновиран кујнски простор како и новогодишни подароци.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.