Петта генерација на завршени практиканти во DRӒXLMAIER според дуалниот модел на образование

20. јули 2023 Доделени сертификатите за успешно завршена настава и склучени договори за вработување

Околу триесетина ученици успешно ја реализираа практичната настава во
рамките на дуалното стручно образование според германски стандарди во DRӒXLMAIER и се стекнаа
со сертификат за Техничар за индустриска мехатроника. Дел од нив ќе се приклучат на големото
DRӒXLMAIER семејство, а еден дел ќе го продолжат своето образование на некој од техничките
факултети.

DRӒXLMAIER со поддршка за младите луѓе
DRÄXLMAIER како семејна компанија дава исклучителен придонес во образованието на младите луѓе
и им овозможува идни перспективи преку високи, униформни стандарди за обука. „Како компанија која
е ориентирана кон иднината и иновациите сакаме да ги поттикнеме младите луѓе да учат, но и да
истражуваат. За време на практичната настава учениците имаат слобода да го развиваат својот
карактер во креативна средина. На практикантите им честитаме и им посакуваме многу
професионални успеси во иднина. Најдобрите од нив добиваат договори за вработување во нашата
компанија, така што тие ќе бидат директно вклучени во работниот процес и ќе имаат можност да ги
усовршуваат и да ги прошируваат стекнатите знаења“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на
DRӒXLMAIER Македонија на заедничкиот собир за доделување на сертификатите кој го
организираше компанијата, а на кој присуствуваа и дел од родителите на практикантите. „Нѐ радува
фактот што интерес за дуалното стручно образование според германски стандарди во техничките
области, покрај момчињата, покажуваат и голем број девојчиња“, додава Мирингер.
Оваа година практикантите полагаа и завршен испит според германски стандарди за проверка на
стекнатото знаење.

Среќни ученици, горди родители
Учениците среќни и задоволни со цврсти чекори продолжуваат да се движат кон својата
професионална иднина. „Благодарение на DRӒXLMAIER добив соодветно стручно образование во
делот на техничките области. Покрај теоретската настава, тука учениците постојано се активни преку
изработка на најразлични проекти, а во завршните години се запознавме со производствениот процес
под водство на ментори. Сега сме подготвени да конкурираме на пазарот на трудот во соодветната
индустрија“, вели Димитар Митревски. Родителите, пак, се особено горди на своите деца заради
постигнатите резултати. „DRӒXLMAIER повеќе од 10 години е присутен во нашиот град. Тоа многу
зборува за стабилноста на компанијата. Среќна сум што на мојот син му беше понуден договор за
вработување и тој стана дел од компанија со сигурна и перспективна иднина“, рече Елица Ристова,
мајка на еден од практикантите, која исто така е вработена во DRӒXLMAIER.

DRӒXLMAIER е лидер во земјава во спроведувањето на моделот на дуално образование според
германски стандарди преку кој секоја година компанијата создава подготвени кадри кои се барани на
пазарот на трудот и со чија поддршка ќе ја обликува мобилноста на иднината.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.