Нови книги за библиотеките во регионот

23. април 2022 DRӒXLMAIER им подари книги на градските библиотеки

DRӒXLMAIER на градските библиотеки од Кавадарци, Неготино, Прилеп и Велес им подари книги од македонски и странски автори наменети за различни возрасни генерации. Целта на дарувањето е збогатување на книжевниот фонд на овие културни установи, но и поголемо доближување на пишаниот збор кон читателите.

„Со оглед на новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната пандемија која го наметна користењето на дигиталните платформи, сметаме дека оваа донација претставува позитивен пример за моќта на книгата како важен двигател при емоционалниот и интелектуалниот развој на читателите“, вели Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија. „Особено е важно, помладите генерации да се воспитуваат така што ќе се поврзат со книгата и ќе ја развијат љубовта кон читањето. Така ќе се зголеми нивната емпатија, креативност, иновативност, желбата за учење нови работи, а со тоа ќе се потпомогне и нивниот понатамошен развој“, додава Мирингер.

Директорката на градската библиотека во Кавадарци, Весна Гркова, смета дека оваа донација треба да претставува поттик и за останатите чинители во општеството да се однесуваат општествено одговорно и да го поддржат развојот на културните установи. „Оваа донација е убава можност да се надополни книжевниот фонд на библиотеката, така што ќе можеме да ги задоволиме потребите на читателите во Прилеп и околината“, вели Моника Талеска, директорка на библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, додека пак Катерина Данаилова, директорка на неготинската библиотека смета дека читањето книги е емоционална храна и дека љубовта кон книгата треба да се развива уште од мали нозе. „Среќни сме што покрај останатите активности за поддршка на регионот, DRӒXLMAIER ги поддржува и културните установи како што се библиотеките. Со збогатувањето на книжевниот фонд на нашата библиотека се надеваме дека ќе се развие уште поголема колективна свест за придобивките од читањето“, вели Павлина Најдова, директорка на градската библиотека „Гоце Делчев“ од Велес.

DRӒXLMAIER преку голем број активности и проекти продолжува доследно да ја следи својата долгорочна стратегија за поддршка на регионот и заедницата кадешто делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.