Мануел Сарацин и амбасадорката Холштајн во посета на DRӒXLMAIER Кавадарци
Како дел од агендата за време на официјалната посета на земјава, Специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан Мануел Сарацин заедно со германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн присуствуваа во еднодневна посета на DRӒXLMAIER Кавадарци.
Гостите беа дочекани од страна на менаџментот на компанијата предводен од Генералниот менаџер Лукас Мирингер. Преку воведна презентација им беа претставени најважните аспекти и достигнувања во текот на десетгодишното постоење на компанијата во земјава, а добија сознанија за идните стратешки проекти и активности како и за бројните проекти од областа на општествената одговорност.
DRӒXLMAIER е важен странски инвеститор
За време на средбата, амбасадорката Холштајн ја потенцираше важноста на присуството на странските инвестиции во земјава во насока на оставрување поголем економски развој. „DRӒXLMAIER претставува еден од најголемите инвеститори во земјата, а со тоа и еден од најважните работодавачи. Компанијата не само што претставува пример за одлична соработка помеѓу двете земји, туку и во континуитет го дава својот придонес за заедницата кадешто делува“, заклучи Холштајн.
Взаемна соработка и меѓусебна поддршка
Посетителите имаа можност да ги разгледаат и производствените капцитети на компанијата, кадешто преку високо развиен технолошки и софистициран процес се произведуваат производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.
„Имам позитивен впечаток за целокупната организација на DRӒXLMAIER локацијата Кавадарци. Несомнено е дека високите меѓународни стандарди даваат успех во работењето на компанијата. Драго ми е што DRӒXLMAIER заедно со своите вработени реализира голем број проекти за поддршка и развој на регионот. На ваков начин уште повеќе се зацврстуваат мостовите за соработка помеѓу двете земји“, рече Сарацин. Тој особено го поздрави залагањето на компанијата во делот на спроведувањето на дуално стручно образование, затоа што на таков начин се создава квалификувана работна сила според потребите на индустријата.
„Задоволство и чест ни е што за прв пат имавме можност да го дочекаме Специјалниот претставник на германската Влада за земјите од Западен Балкан и што гостите понесоа убави впечатоци за нашата компанија“, истакна Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.
Ова е прва посета на Сарацин на DRӒXLMAIER по преземањето на должноста во март годинава.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.