Кавадарци доби 16 нови автобуски постојки, донација од DRӒXLMAIER

02. март 2023 Новата урбана опрема ќе придонесе за подобра функционалност и поубав лик на градот

Со поддршка на DRӒXLMAIER беа поставени шеснаесет нови автобуски постојки на трасата од село Ваташа кон Глишиќ и Марена , но и на трасата која започнува и завршува во населбата Глишиќ.Тие се лоцирани на места кадешто до сега немаше автобуски стојалишта и се во функција на подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и јавниот градски превоз.

Поголема безбедност и подобар лик на општината
Со поставувањето на автобуските постојки ќе се овозможи поголема безбедност на корисниците на јавниот превоз, а ќе се подобри и урбаниот изглед на општината.

Проекти согласно потребите на заедницата
„Среќни сме што имаме можност да го дадеме својот придонес за градот во чија близина како компанија функционираме уште од 2012. Автобуските постојки не само што ги поврзуваат граѓаните со точките од нивен интерес, туку тие се места кадешто луѓето се сретнуваат со своите познаници или пак создаваат нови пријателства“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија. „Во изминатите години од нашето постоење заедно со нашите вработени кои се и жители на Кавадарци, реализиравме бројни проекти за сите генерации. Како сигурен партнер на регионот и понатаму ќе продолжиме да дејствуваме согласно потребите на заедницата“, додаде Мирингер.
 

Поголема достапност и функционалност на јавниот сообраќај
Со новоконструираните автобуски постојки се подобрува сообраќајната инфраструктура во Кавадарци, што пак придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и поголема достапност и функционалност на јавниот сообраќај во градот.
„Благодарни сме што DRӒXLMAIER постојано ја изразува својата поддршка која секогаш е насочена кон исполнувањето на потребите на граѓаните. Компанијата во целост го поддржа овој проект наменет за сегашните, но и идните генерации. Затоа, ги повикувам граѓаните, сите заедно да се однесуваме совесно и да ја чуваме новопоставената урбана опрема“, истакна Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Претходно, DRӒXLMAIER донираше автобуски постојки во Кавадарци, Градско, Росоман и Неготино и тие се во функција на жителите на овие населени места. Како семејна и општествено одговорна компанија која е ориентирана кон вредностите, DRӒXLMAIER реализира широк спектар проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството во коешто делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.