ГРК Тиквеш со нова спортска опрема

07. април 2022 DRӒXLMAIER продолжува со поддршка за ракометарите

Ракометарите на ГРК Тиквеш и оваа година ја добија поддршката од DRӒXLMAIER во вид на спортска опрема која се состои од дресови за играње официјални натпревари, но и опрема и дополнителни реквизити кои на ракометарите ќе им бидат од корист во текот на секојдневните тренинзи и подготвителни активности.

Поддршката за спортските клубови значи афирмација на спортот во насока на создавање здрави поколенија и здрава иднина. Спортистите претставуваат важен пример и промовираат вредности кои и тоа како влијаат на понатамошниот развој на децата и младите луѓе воопшто.

Генералниот директорот на DRӒXLMAIER Македонија Лукас Мирингер, ги поздрави ракометарите и стручниот штаб на клубот на официјалното примопредавање на опремата. „Најнапред би сакал да ви посакам добро здравје, но и многу спортски успеси. Во спортот, всушност како и кај секоја професија, има подеми и падови, но важно е никогаш да не се откажувате од целта која сакате да ја постигнете“, рече Мирингер. „Сметаме дека на ваков начин придонесуваме кон подобрување на условите во кои тренираат спортистите што води кон развојот на спортот како општествено добро за заедницата“, додаде Мирингер.

Ракометарите на ГРК Тиквеш во својот полн состав се заблагодарија за поддршката која DRӒXLMAIER им ја дава неколку години по ред. Ветија многу спортски успеси во иднина како благодарност не само кон кавадарчани, туки и кон останатите нивни поддржувачи. „Навистина сме среќни што имаме одлична опрема како за играње на официјални натпревари, така и за време на тренажните процеси. За секој спортист е многу важно да се чувствува убаво, особено, за време на натпреварите. Оваа донација е знак дека DRӒXLMAIER е вистински поддржувач на спортот и заедницата“, рече Ратко Мицев, член на Управниот одбор на ГРК Тиквеш.

Во насока на афирмација на спортот кај младите луѓе DRӒXLMAIER во изминатиот период донираше комплетна спортска опрема и на неколку фудбалски клубови од регионот.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.