Германската амбасадорка Петра Дрекслер го посети DRӒXLMAIER
Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер ја посети DRӒXLMAIER фабриката во Кавадарци, која како германска инвестиција, во земјава успешно функционира повеќе од 10 години. Амбасадорката се запозна со принципите и вредностите врз основа на кои се темели работењето на компанијата, а преку воведна презентација се запозна и со најважните моменти од основањето на компанијата, но и со тековните и идните стратешки проекти.
Амбасадорката Дрекслер беше дочекана од страна на менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија, а за време на обиколката низ фабриката предводена од страна на Генералниот менаџер Лукас Мирингер, таа доби целосна слика за производствените активности кадешто се произведуваат производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.
„Особено ни е драго што имавме можност да ѝ посакаме добредојде на амбасадорката Дрекслер во нашата фабрика во Кавадарци. На средбата разговараме за најважните аспекти за нашата компанија кои се фокусираат на нашите вработени, а таа доби сознанија и за идните проекти, перспективи и планови“, рече Мирингер.
Дрекслер беше запознаена со бројните проекти за поддршка на регионот и заедницата иницирани и реализирани од страна на DRӒXLMAIER со целосна поддршка од страна на вработените во компанијата. Амбасадорката беше особено заинтересирана да поразговара и со учениците кои посетуваат практична настава според германскиот модел на дуално стручно образование којашто се реализира во специјализираната училница во рамки на фабриката.
„Стекнав одличен впечаток за целокупната организација на DRӒXLMAIER во Северна Македонија. Добро е што има германски компании овде во земјата кои се залагаат за општествено одговорно претприемништво. За една компанија која е странска инвестиција, особено е значајно што преку различни проекти и форми на соработка придонесува за развојот на економијата, а со тоа остварува поддршка за регионот и заедницата кадешто делува. Иднината, секако, е во рацете на младите луѓе. Драго ми е што DRӒXLMAIER го препознава тоа и преку успешно спроведување на германскиот модел на дуално стручно образование придонесува за создавање перспективи за иднината на младите луѓе и истовремено создава кадри кои ѝ се потребни на соодветната индустрија“, вели амбасадорката Дрекслер.
Ова е прва посета на амбасорката на Сојузна Република Германија во земјава по преземањето на функцијата во април годинава.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.