ФК Возарци со нова спортска опрема

12. октомври 2021 Дрекслмајер со поддршка за фудбалерите на регионалните спортски клубови.

Фудбалерите на ФК Возарци новата фудбалска сезона ја започнуваат со нова спортска опрема во вид на дресови за официјални натпревари, фудбалски топки и дополнителна опрема која ќе ја користат за време на тренинзите. Опремата е подарок од Дрекслмајер како знак на поддршка на младите талентирани играчи за постигнување поголеми спортски успеси.

Лукас Мирингер, Генерален директор на Дрекслмајер Македонија ги посети фудбалерите на терен и им порача никогаш да не се откажуваат од замислата за остварување на нови успеси и нови победи. „Дрекслмајер и понатаму ќе продолжи да го поддржува спортот. Сметаме дека на ваков начин помагаме кон афирмација на спортот помеѓу младите луѓе и дека ќе придонесеме за уште поголема мотивација на младите фудбалери за постигнување убави спортски резултати. Ви посакуваме успешна сезона и многу победи!“, рече Мирингер.

Стручниот штаб на клубот како и фудбалерите беа особено задоволни што Дрекслмајер го поддржа нивниот тим. „Оваа донација за нас претставува дополнителен мотив да постигнуваме нови успеси и уште подобри спортски резултати. Навистина сме среќни што Дрекслмајер ги поддржува младите фудбалери од регионот и гордо ќе ги носиме дресовите на сите натпревари.“, рече Сашко Данов, Претседател на клубот на средбата со директорот Мирингер.

Дрекслмајер и натаму продолжува доследно да ја спроведува својата стратегија за поддршка на спортот и подобрување на условите во кои функционираат спортските клубови во регионот. Неодамна, Дрекслмајер донираше нова спортска опрема и за ФК Росоман 83, а заедно со своите вработени и заедницата иницира и поддржува бројни проекти и од областа на образованието, културата и животната средина.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.