Дрекслмајер отвори инфо центар и во Велес
Неколку илјади граѓани од Кавадарци, Велес, Прилеп и нивните околни места се дел од тимот на Дрекслмајер Македонија. Со цел да бидеме поблиску до нив, но и до оние кои се заинтересирани да станат дел од семејството Дрекслмајер, компанијата отвори канцеларии во овие поголеми градови.
На 11. април во Велес свечено беше отворен и последниот, трет инфо центар во низата преку кој компанијата ќе биде подостапна и поприсутна за своите вработени, но и за потенцијалните кандидати. Тим од колеги ќе стои на располагање за сите прашања и ќе ги води заинтересираните низ процесот на аплицирање. Може да се конкурира за многубројни атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација, а Дрекслмајер им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group.
На отварањето на канцеларијата присутни беа и градоначалникот на Општина Велес, раководителот на Центарот за вработување Велес, како и здруженија со кои Дрекслмајер има успешна соработка.
„Драго ми е што денес ја отвораме инфо канцеларијата во Велес, која иако последна - секако не е и помалку важна. Идејата е да бидеме подостапни за многуте наши вработени од Велес, но и за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ни се придружат“, истакна при поздравното обраќање Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој се заблагодари и на Општина Велес и Центарот за вработување за досегашната успешна соработка.
Канцеларијата во Велес се наоѓа наспроти главната пошта и е отворена секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Вратите се отворени за секој кој сака да дознае повеќе за компанијата.
Со над 5000 вработени Дрекслмајер е еден од поголемите работодавачи во регионот, а вработените се најголема вредност за компанијата.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.