DRӒXLMAIER со успешна пролетна акција за чистење во околината на Витачево
DRӒXLMAIER Македонија заедно со своите вработени иницираше и реализираше акција за пролетно чистење во месноста Витачево во близина на Кавадарци. Акцијата беше спроведена во соработка со ЈП “Комуналец“ – Кавадарци, а опфати рачно собирање на смет и отпад кој подоцна беше соодветено преземен од страна на комуналното претпријатие.
Континуирана грижа за заштита на животната средина
Заштитата на климата и животната средина претставува еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме во денешно време. Климатски промени и ефектите од нив влијаат на сите нас. Единствено, со надминување на овие предизвици сите заедно ќе учествуваме во обликување на одржливо општество.
„Кога станува збор за грижата и заштитата на животната средина сакаме да бидеме добар пример, но и поттик затоа што со остварување на економските, но и еколошките цели ние можеме да се движиме напред кон иднината. Кавадарци изобилува со зеленило и убави излетнички места и драго ни е што имаме можност да дадеме свој придонес за почиста животна средина“, вели Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.
Иницијативата на DRӒXLMAIER Македонија за акцијата за пролетно чистење беше одлично прифатена од страна на ЈП “Комуналец“ – Кавадарци, а потребните реквизити и алати беа обезбедени од страна на DRӒXLMAIER.
Преку волонтерски пристап до почиста околина
Вработените преку волонтерски пристап и висока мотивираност покажаа дека преку тимска работа се постигнува најдобар заеднички успех. „Среќен сум што денеска сум дел од оваа пролетна акција за чистење. Како жител на Кавадарци, со семејството и со пријателите често ги посетуваме излетничките места во близина на градот и неретко забележуваме отпад во близина на посетеното место. Свеста за чиста животна средина мора да биде на високо ниво!“, вели Блашко Божинов вработен во DRӒXLMAIER. За Ацо Ацев оваа волонтерска акција е убава можност да се придонесе за поголема чистота, но и да се помине време заедно со колегите и уште повеќе да се зајакне тимскиот дух.
Во рамки на активностите за заштита на животната средина DRӒXLMAIER Македонија претходно не само што реализираше акции за чистење, туку вработените за време на неколку волонтерски акции за пошумување реализирани во регионите на Кавадарци, Прилеп, Неготино и Куманово засадија околу 10.000 садници.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.