DRӒXLMAIER со поддршка за учениците

28. септември 2022 Продолжува бесплатната школа за кошарка за основците од Кавадарци

И оваа учебна година, со поддршка од DRӒXLMAIER, учениците од основните училишта во Кавадарци имаат можност секој ден во неделата да посетуваат бесплатни тренинзи за кошарка во салата „Јасмин“. Тренинзите се одвиваат во неколку термини во текот на денот прилагодени според училишните активности на основците, а под раководство на кошаркарски тренери со врвно долгогодишно искуство.

Унапредување на здравјето и создавање чувство на заедништво
Поделени во неколку возрасни групи во машка и женска конкуренција, учениците полека, но сигурно ги совладуваат техниките на кошарката и истовремено го одржуваат своето психо-физичко здравје. Во рамки на спортот тие ги развиваат своите способности за концентрација и координација и што е најважно развиваат чувство на заедништво.

Тренинзите се соодветно прилагодени за возрасните групи, така што можност да тренираат имаат и почетниците, но и оние коишто имаат напредни познавања од областа на кошарката.

Се зголемува интересот кај учениците за тренирање кошарка
„Во моментов во спортската сала „Јасмин“ тренираат околу 70 ученици распоредени во три групи. Интересот кај основците за овој спорт сѐ повеќе се зголемува, така што во периодот што следува ќе биде воведена уште една четврта група“, вели Зорица Стојанчевска, директорка на спортската сала „Јасмин“. „DRӒXLMAIER неколку години наназад ја поддржува салата „Јасмин“ и кошаркарската школа за што сме неизмерно благодарни. На ваков начин заедно со компанијата дејствуваме во насока на промоција на спортот и унапредвање на здравјето на учениците“, додава таа.

DRӒXLMAIER покажува грижа и за своите вработени
Вработените во DRӒXLMAIER, исто така, неколку години по ред два пати во неделата ја користат можноста да се рекреираат и да спортуваат во салата „Јасмин“. „Среќни сме што нашата компанија покажува грижа за своите вработени, така што ни овозможува да се релаксираме по завршувањето на работните активности. Преку спортот уште повеќе го развиваме тимскиот дух, а се зголемува мотивацијата и продуктивноста на вработените“, вели Деан Смилевски, вработен во DRӒXLMAIER.

Компанијата продолжува со поддршка за спортот и заедницата
Од своето основање во земјава, DRӒXLMAIER вклучувајќи ги своите вработени, постојано иницира проекти за промоција на спортот особено кај младите луѓе. „Драго ни е што придонесуваме за развивање здрави животни навики и кај младите луѓе, но и кај нашите вработени. И понатму, како и до сега, ќе останеме посветени на нашата цел за постигнување највискои можни вредности за заедницата во којашто делуваме“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.