DRӒXLMAIER со поддршка за спортот во Велес

26. октомври 2022 Велешани ќе спортуваат и ќе се рекреираат на реконструираното кошаркарско игралиште кај малото пазарче.

Со поддршка од DRӒXLMAIER Велес доби ново модерно игралиште наменето за љубителите на кошарката, но и за сите останати кои практикуваат спортски активности.

Реконструкцијата на игралиштето опфати повеќе активности, меѓу кои целосно менување на подлогaта како и поставување на заштитна ограда. Проектот е од особено значење за сите граѓани на Велес, затоа што игралиштето ќе можат да го користат сите генерации.

Место за развивање таленти и здрави животни навики

„Верувам дека овој спортски терен ќе биде место кадешто младите луѓе ќе ги развиваат своите таленти од областа на кошарката и истовремено ќе градат здрави навики за живот“, рече Лукас Мирингер, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија. „Нашата поддршка секогаш е насочена според потребите на заедницата во која делуваме и и понатаму ќе бидеме вклучени во реализација во бројни проекти од областа на спортот, образовнието и културата“, додаде Мирингер.

Спортот е клучна компонента во социјалниот живот, ги обединува луѓето и овозможува активна општествена вклученост.

DRӒXLMAIER придонесува за афирмација на спортот

„Заедно со DRӒXLMAIER на велешани им овозможивме уште едно убаво уредено место за спортување и рекреација. Упатуваме искрена благодарност до компанијата, затоа што даде своја поддршка при реализацијата на овој проект со кој придонесуваме кон афирмација на спортот во време на исклучително напредна технологија кога младите сѐ повеќе користат компјутери и паметни телефони“, рече Марко Колев, Градоначалник на Велес.

Претходно, DRӒXLMAIER ја поддржа реконструкцијата и на спортското игралиште во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, а заедно со своите вработени реализираше голем број проекти и од областа на образованието и културата.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.