DRӒXLMAIER со поддршка за јавното здравје

06. април 2023 Компанијата обезбеди нови постелнини за болниците во Кавадарци, Велес, Прилеп и Неготино

Во пресрет на 7-ми aприл - Светскиот ден на здравјето, DRӒXLMAIER Македонија обезбеди нови комплет постелнини за општите болници во Кавадарци, Велес, Прилеп и Неготино. Околу 90 сетови составени од креветски чаршаф и навлаки за перници се распределени во медицинските оддели на секоја од здравствените установи во споменатите региони со што ќе се подобрат болничките услови за престој на пациентите.
 

Континуиран придонес за унапредување на јавното здравје
“Особено ни е драго што имаме можност да дадеме свој придонес кон унапредувањето на јавното здравје. Изминатите неколку години нѐ научија дека мора заеднички да делуваме во насока на заштита на здравјето и заедно да придонесуваме за подобро секојдневие“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.
Преку овој вид на донации дополнително се зајакнуваат и болничките капацитети, а со тоа се овозможува и подобрена задравствена услуга за пациентите.
 

„Важноста на постоењето на општествено одговорни компании кои го поддржуваат јавното здравство е од големо значење. DRӒXLMAIER Македонија во сите овие години покажа и докажа дека е сигурен партнер на регионот. Се радуваме на одличната соработка којашто ја воспоставивме и сме неизмерно благодарни за поддршката што ни ја дава“, вели Др. Билјана Филипова, директор на општата болница во Неготино. Кети Смилеска, директор на општата болница во Прилеп смета дека за поздравување е фактот што странските компании основани во земјава ја препознаваат потреба за поддршка на јавните здравствени установи кај нас. „DRӒXLMAIER Македонија во неколку наврати до сега, по сопствена иницијатива, овозможи поддршка за прилепската општата болница“, потенцира Смилевска изразувајќи благодарност до компанијата со желба за понатамошна успешна соработка.

DRӒXLMAIER претходно обезбеди медицински апарати соодветни на потребите на јавните здравствени установи во регионот, а не изостана ниту поддршката за време на кризата предизвикана од Ковид-19 преку овозможување заштитна и друга медицинска опрема за потребите на медицинскиот персонал и пациентите.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.