DRӒXLMAIER со масовна крводарителска акција

16. мај 2023 Преку доброволно учество вработените во компанијата ја покажаа својата хуманост

Под мотото „Биди хуман – дарувај крв“ во просториите на DRӒXLMAIER Кавадарци се одржа доброволна крводарителска акција за вработените во компанијата. Голем дел од нив изразија желба за дарување крв со што ја покажаа својата хуманост на дело.

Крводартелската акција беше организирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организациска единица на Црвен Крст Кавадарци.

DRӒXLMAIER со континуирана поддршка за заедницата

„Им благодариме и истовремено сме горди на нашите вработени кои доброволно и со многу ентузијазам и хуманост беа дел од оваа крводарителска акција. DRӒXLMAIER во континуитет преку бројни проекти и акции заедно со своите вработени ја поддржува заедницата кадешто делува и и понатаму продолжуваме по тој пат. Чувството на блискост, одговорност и поддршка едни за други ги создаваат нашите вредности на семејна компанија со традиција од над 60 години“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Голем дел од дарителите на крв кои учествуваа во акцијата се повеќекратни крводарители, но имаше и такви кои даруваа крв по првпат.

Вработените ја покажаа својата хуманост

„Драго ми е што денеска имам можност да дарувам крв, а уште посреќен ме прави фактот дека ќе му помогнам некому. Прв пат дарувам крв и сметам дека овој доброволен чин е одраз на хуманост и солидарност којшто треба сите ние почесто да го практикуваме“, вели Ангелкова Станка вработенa во DRӒXLMAIER. Атанасов Зоранчо исто така е вработен во компанијата и е долгогодишен крводарител. Дарувал крв повеќе од 20 пати. „Постапката трае околу десетина минути, а само со една кесичка крв може да се спасат неколку животи. Со многу ентузијазам ќе продолжам да дарувам крв и во иднина“, додава тој.

DRӒXLMAIER и понатаму посветено заедно со своите вработени продолжува да реализира широк спектар на проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.