DRӒXLMAIER обезбеди поддршка за Кавадаречкиот полумаратон
DRӒXLMAIER Македонија и оваа година го поддржа Кавадаречкиот полумаратон кој под мотото “Го сакам Кавадарци” по шести пат се одржа изминатиов викенд низ улиците во центарот на градот.
Во комуникација со организаторите на настанот, DRӒXLMAIER овозможи пет комплети од пехари наменети за учесниците во главните трки на пет и десет километри. За сеќавањата да траат и по многу години, компанијата обезбеди и официјален фотограф на настанот кој им направи незаборавни професионални фотографии на сите учесници.
Со поттик кон здравите навики
Кавадаречкиот полумаратон е традиционален спортски настан во градот, а DRӒXLMAIER по втор пат обезбеди поддршка за негова реализација, така што се приклучи кон одржувањето на традицијата. „Спортот е здрава навика кон која сите треба да се придржуваме. Особено е важно овој став да го промовираме кај младите генерации и затоа ние како компанија во континуитет го поддржуваме развојот на спортот и спортските настани во градот. Драго ни е што и оваа година дел од вработените во DRӒXLMAIER беа дел од полумаратонот и со свото учество потпомогнаа во промоцијата на спортските активности како неизоставен дел од секојдневните животни практики“, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.
Со меѓусебна соработка до заедничка цел
Каварадечкиот полумаратон го отсликува спортскиот дух на градот, а со тоа ги поттикнува сите граѓани да инвестираат во своето здравје. Борче Ѓеорѓиев, еден од организаторите на настанот го искажа своето задоволство поради континуираната меѓусебна соработка со DRӒXLMAIER. „Среќен сум што нашата соработка продолжува и годинава. Од името на организацијата и сите учесници на полумаратонот упатувам голема благодарност до DRӒXLMAIER. Навистина ни е драго што компанијата е дел од градот Кавадарци и долги години е сигурен поддржувач на заедницата. Со заедничка и континуираната соработка полесно ќе ја постигнеме целта за промовирање на спортот како здрава животна навика”, објасни Ѓеорѓиевски.
Јакнење на тимскиот и спортскиот дух
И вработените во DRӒXLMAIER учествуваа на настанот и беа дел од овој спортски предизвик во трките на пет и десет километри. „Со учеството на кавадаречкиот полумаратон покрај тоа што ја промовираме идејата за здраво живеење, истовремено имаме можност и меѓусебно да се дружиме надвор од работното место. Така, покрај спортскиот дух, уште повеќе го зајакнуваме и тимскиот дух”, посочуваат вработените.
DRӒXLMAIER како семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години во континуитет реализира широк спектар на проекти со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од себе си се смета за дел.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.