DRӒXLMAIER Македонија со изненадување за дечињата од кумановската градинка
Повеќе од 200 новогодишни прекривки за масички и дваесетина новогодишни перничиња, донација од DRӒXLMAIER Македонија ќе придонесат за подобар празничен амбиент во градинката „Ангел Шајче“ од Куманово. Деновите пред и за време на новогодишните празници се радост за децата, а со оваа донација тие уште повеќе ќе уживаат во празнично дополнетиот изглед на воспитувачките простории во кои го минуваат поголемиот дел од денот. Подароците ќе бидат подеднакво распоредени во сите објекти на градинката.
Унапредување на условите во воспитно-образовните установи
DRӒXLMAIER Македонија продолжува да го поддржува воспитно – образовниот процес со унапредување на условите и естетиката во просториите за престој на децата во градинките. „Грижата за најмалите треба да биде наша примарна цел, бидејќи тие се нашата иднина. Во таа насока, драго ни е што имаме можност да дадеме свој придонес за подобрување на квалитетот на условите во кои функционираат установите кадешто се згрижени тие, но и за поголемо предновогодишно расположение на дечињата“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
Благодарност до DRӒXLMAIER Македонија
Марина Алексовска, директорката на градинката во Куманово, како и останатите вработени искажаа срдечна благодарност до компанијата, бидејќи во континуитет потврдува дека е сигурен партнер на регионот. „Среќни сме што DRӒXLMAIER покажува грижа за градинките како институции каде дечињата го започнуваат воспитно – образовниот процес кој претставува основен темел на нивното понатамошно воспитување и изградба како личности“, рече Алексовска.
Претходно, DRӒXLMAIER овозможи и слатки пакетчиња како новогодишен подарок за секое дете во градинката. Исто така, преку бројни проекти компанијата овозможи мебел во вид на креветчиња, столчиња и масички, шкафчиња, но и играчки како и дидактичко – едукативни средства за градинките од регионите кадешто делува.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.