DRӒXLMAIER Македонија Семеен ден

03. јули 2024 Околу 15.000 гости, вработени и членови на нивните семејства беа дел од традиционалната семејно – компаниска забава на DRӒXLMAIER локациите Кавадарци и Куманово

Изминатиов викенд вработените во DRӒXLMAIER Македонија заедно со нивните најблиски присуствуваа на „DRӒXLMAIER Семеен ден“, традиционална семејно – компаниска забава која се одржа во кругот на фабриките во Кавадарци и Куманово.

„Семејниот ден“ на двете локации беше исполнет со богата забавна содржина, настапи на музички ѕвезди како и бројни шаренолики интересни активности за најмалите кои вниманието на гостите го задржаа во текот на целиот ден. Вработените, исто така, им покажаа на своите најблиски каде го поминуваат работното време.

Музичката ѕвезда Каролина Гочева, познати локални бендови како и ди – џеј изведувачи со своите настапи придонеасоа за веселата атмосфера. Гостите низ програмата ги водеа популарните стенд – ап комичари Атанас и Тино кои доброто расположение на присутните го подигнаа на уште повисоко ниво.

Бавараскиот дух можеше да се почувствува на двете DRӒXLMAIER локации, Кавадарци и Куманово. Компанијата за гостите обезбеди освежителни пијалоци, а сите присутни имаа можност да го вкусат популарниот баварски перек кој е пециво со специфичен вкус и потекнува од областа Баварија во Германија.

Детски насмевки и џагор насекаде. Најмалите уживаа во игрите на бројните детски реквизити, пееја детски песнички и се едуцираа. Темата за заштита на климата и животната средина е во фокусот на DRӒXLMAIER и токму затоа едукативното катче беше посветено на екологијата и одржливото живеење. Дечињата заедно со реномирани уметници на двете локации изработија постамент – дело од рециклирачки материјали.

„DRӒXLMAIER е семејна компанија со традиција од над 65 години. Довербата, доверливоста и толеранцијата се централните вредности на нашата корпоративна култура, а нашите вработените се најважниот капитал за компанијата. Нивната експертиза и знаење ги поставуваат темелите за иновации и идна одржливост. Драго ни е што поминавме еден убав „Семеен ден“ заедно со нив поттикнувајќи чувство на заедништво и благодарност“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Своите проекти пред присутните гости ги претставија и учениците кои посетуваат практична настава во рамки на дуалното образование според германски стандарди која се изведува во специјализираните училници во фабриките во Кавадарци и во Куманово и предизвикаа голем интерес не само кај помладите, туку и кај повозрасните.

„Семејниот ден во DRӒXLMAIER е одлична можност да се дружиме и да се забавуваме. За децата особено интересни беа активностите во детската зона, се запознавме со дел од практикантите кои посетуваат практична настава во нашата компанија, а сите заедно уживавме во добарата музика“, рече Даниела Темкова, вработена на DRӒXLMAIER локацијата Кавадарци.

Во придружба на водичи, посетителите имаа можност да направат обиколка низ производствените капацитети на фабриките и да видат каде нивните најблиски го поминуваат работниот ден. „Јас, како вработена на DRӒXLMAIER локацијата во Куманово, за прв пат присуствував на семејно – компаниска забава. Атмосферата беше одлична. Дојдов заедно со моето семејство, а децата беа неизмерно среќни. Не само што се забавуваа, туку имаа и можност да видат каде работам“, вели Назан Нуредини.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.