DRӒXLMAIER Куманово со свој придонес за почиста и поздрава животна средина

22. мај 2023 Компанијата заедно со своите вработени успешно реализираше волонтерска акција за пролетно чистење.

DRӒXLMAIER Куманово заедно со своите вработени успешно реалзираше акција за пролетно чистење во месноста Рајкова куќа во блзина на Куманово. Преку волонтерски пристап и тимска работа вработените покажаа одговорност и високо ниво на свесност за заштита на животната околина.
Акцијата опфати рачно собирање смет и отпад, а DRӒXLMAIER ги обезбеди потребните реквизити како хигиeнски ракавици и соодветни кеси за собирање отпад.

Поттикнување на свеста за грижата за животната средина
„Преку реализација на акции од ваков тип сакаме да дадеме свој придонес кон градењето еколошки одржлива иднина и истовремено да поттикнеме свеста за почиста и поздрава околина да биде на уште повисоко ниво. Заштитата на климата и животната средина претставува еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме во денешно време, а сите ние заедо можеме да направиме разлика“, велат од менаџментот на DRӒXLMAIER Македонија.
Пролетната акција за чистење беше реализирана во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово кое по завршувањето соодветно го презема собраниот отпад.

Волонтерски пристап и висока мотивираност за почиста околина
Вработените, волонтерски и со многу ентузијазам покажаа дека грижата за чиста планета е наша одговорност. „Акциите за пролетно чистење се одлична можност секој од нас да даде свој придонес и како поединци, но и како тим да бидеме добар пример за подобра еколошка иднина“, вели Никола Димитријевиќ, вработен во DRӒXLMAIER Куманово. Фросина Николиќ, исто така вработена во DRӒXLMAIER Куманово смета дека ваквите активности се добра прилика за дружење со колегите, а тимскиот дух уште повеќе се зајакнува.

DRӒXLMAIER и понатаму заедно со своите вработени продолжува посветено да ја реализира својата цврсто воспоставена програма за заштита на климата и животната средина во рамките на компанијата.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.