DRӒXLMAIER Куманово го одбележа Светскиот ден на животната средина со акција за пролетно чистење
По повод Меѓународниот ден на животната средина DRӒXLMAIER Куманово заедно со своите вработени успешно реалзираше акција за пролетно чистење во центарот на Куманово. Со висока мотивираност и волонтерски пристап вработените тимски работеа кон подобрување на околината и животната средина во својата заедница.
Пролетната акција за чистење беше реализирана во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ од Куманово кое го презеде собраниот отпад по завршувањето на акцијата. Потребните реквизити за акцијата како хигиeнски ракавици и соодветни кеси за собирање отпад беа обезбедени од страна на DRӒXLMAIER.
Грижата за животната средина како секојдневна активност
Акциите од ваков тип се редовна практика за DRӒXLMAIER Македонија како дел од стратегијата за заштита на животната средина. „Преку континуиран волонтерски ангажман од ваков тип се трудиме да бидеме пример во градењето еколошки одржлива иднина и поттикнување на свеста за почиста и поздрава околина. Грижата за животната средина неопходно е да стане сечија секојдневна активност, а ние ќе продолжиме и во иднина да бидеме вистински пример во таа насока и заедно да работиме на зголемување на свеста за зачувување на природата “, вели Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.
Со тимски дух до чиста околина
За вработените во DRӒXLMAIER Куманово, оваа акција за пролетно чистење е уште една можност да придонесат за одржување на околината и чистата животна средина преку поставување на пример за одржливо одговорно однесување. „Секогаш со задоволство сум дел од акциите за пролетно чистење кои се комбинација од еколошки придонес и колегијално дружење“, вели Александар Стојановиќ, вработен во DRӒXLMAIER Куманово. Феркан Салии, исто така вработен во DRӒXLMAIER Куманово смета дека ваквите активности се одлична можност за зајакнување на тимскиот дух каде покрај индивидуалниот труд кон подобра еколошка иднина тие се и добра прилика за дружење и убаво поминат ден со колегите.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.