DRӒXLMAIER го поддржа петтиот по ред кавадаречки полумаратон

13. март 2023 Преку бројни проекти и активности компанијата дава придонес за развојот на спортот како здрава животна активност

DRӒXLMAIER Македонија беше покровител на една од најмасовните и најважните спортски манифестации во Кавадарци – петтиот кавадаречки полумаратон кој се одржа во неделата низ улиците на Кавадарци.
 

Континуирана поддршка за спортот
Во консултација со организаторите, компанијата ги обезбеди пехарите кои им беа доделени на победниците во категориите за возрасни, но и во неколкуте категории за деца. Покрај тоа, DRӒXLMAIER обезбеди и околу 400 пакети со ужина, а сите учесници ги добија пред почетокот на трката, соодветно прилагодени за освежување и враќање на енергијата после истрчаните пет, односно 10 километри.
„Покрај тоа што поддржуваме бројни спортски активности во градот, драго ни е што оваа година имавме можност да ја дадеме нашата поддршка за кавадаречкиот полумаратон. Убаво е тоа што полумаратонот веќе прераснува во традиција за Кавадарци, а ние секогаш сме на страната на спортот“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија.

Меѓусебна соработка за промовирање на спортот како здрава животна навика
Борче Ѓеорѓиевски, еден од организаторите на полумаратонот изрази голема благодарност до DRӒXLMAIER, затоа што компанијата покажа самоиницијативност за соработка и поддршка на полумаратонот. „Особено сме среќни што во нашиот регион функционираат општествено одговорни компании како DRӒXLMAIER. Од името на организацијата и учесниците на полумаратон упатувам голема благодарност. Среќни сме што заедно го промовираме спортот како здрава животна навика помеѓу граѓаните“, нагласува Ѓеорѓиевски.

На петтиот кавадаречки маратон учествуваа и вработени од DRӒXLMAIER. Нацка Јованова е љубител на спортовите на отворено и беше меѓу првите пријавени учесници на полумаратонт. „Одлично исксутво е да се биде дел од кавадаречкиот полумаратон. Не само што спортувавме, туку и меѓусебно се дружевме со колегите од DRӒXLMAIER, но и со останатите учесници. Следната година ќе се пријавам повторно“, вели Нацка.

DRӒXLMAIER Македонија како сигурен партнер на регионот овозможува поддршка за спортот, за спортски клубови и настани во регионите кадешто делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.