DRÄXLMAIER со поддршка и за машкиот ракометен клуб од Куманово
DRÄXLMAIER Куманово им подари нова спортска опрема на ракометарите на градскиот ракометен клуб од Куманово која вклучува нови тренерки кои ракометарите ќе ги носат за време на подготвителните тренинзи и нови дресови за играње официјални натпревари на домашен и гостински терен.
Преку оваа донација значително ќе се подобрат тренажните процеси, но и перформансите на ракометните играчи.
„Драго ни е што имаме можност да го поддржиме машкиот ракометен клуб од Куманово. Спортот има клучна улога во поттикнувањето и развивањето на тимскиот дух, дисциплината и здравиот начин на живот. Се надеваме дека ќе придонесеме за благосостојбата на играчите преку обезбедувањето на оваа донација. На ракометарите им посакуваме многу успех во иднина!“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.
МРК Куманово се натпреварува во Супер лигата на Македонија и има значајна улога во развојот на спортот во градот поттикнувајќи ги младите луѓе сѐ повеќе да практикуваат спортски активност и да го зајакнуваат чувството на единство.
„Ние сме особено благодарни за оваа донација од DRÄXLMAIER. Оваа поддршка ни значи многу и е доказ за силната посветеност на чинителите на заедницата за развојот на спортот во нашиот град. Ќе играме тимски, мотивирано и многу посветено и се надеваме дека новите дресови ќе ни донесат многу среќа на претстојните натпревари“, рече Мишко Николовски, спортски директор на МРК Куманово.
DRӒXLMAIER е семејна компанија со традиција од повеќе од 65 години која размислува не само за сегашните, туку и за идните генерации. Затоа, компанијата во континуитет го поддржува спортот, спортските клубови и спортските школи за млади таленти на начин што овозможува свој придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.