DRÄXLMAIER обезбеди ултрасонична машина за училиштето „Наце Буѓони“

29. мај 2025 Компанијата овозможува свој придонес за подобро едукативно искуство кај учениците

DRÄXLMAIER обезбеди најсовремена ултрасонична машина за учениците од техничките насоки во средното општинско училиште „Наце Буѓони“ кое истовремено е партнерско училиште на компанијата во реализацијата на моделот на дуално образование според германски стандарди. Преку оваа донација ќе се подобри едукативното искуство кај учениците, обезбедувајќи им практични можности со кои ќе го надополнат своето теоретско знаење.

Ултрасоничната машина ќе служи како надгледно средство, овозможувајќи им на учениците да реализираат и практични вежби кои ги отсликуваат апликациите од реалниот свет. DRÄXLMAIER е лидер во имплементирањето и реализацијата на практичната настава во рамки на дуалното образование според германски стандaрди и со оваа иницијатива ја нагласува својата посветеност за поттикнување на образовната извонредност и оспособување на новите генерации со вештините потребни за да остварат професионален напредок.

„Драго ни е што имаме можност да го поддржиме нашето партнерско училиште со донација од ваков вид. Нашата цел е да го премостиме јазот помеѓу теоретската настава и практичната имплементација, обезбедувајќи можности учениците да стекнат практично искуство, такашто ќе бидат подготвени да одговорат на барањата на пазарот на трудот. Оваа донација ја одразува нашата посветеност на негување таленти и придонесување за развојот на образованието во заедницата“, рече Златко Карага, менаџер на DRÄXLMAIER локацијата во Куманово.

Еден дел од учениците во СОУ „Наце Буѓони“ веќе посетуваат практична настава во специјализираната училница на DRÄXLMAIER во Куманово, а со ултрасоничната машина тие и нивните соученици во матичното училиште ќе учат како се врши заварување со ултрасонична фреквенција.

„Ние сме неизмерно благодарни на DRÄXLMAIER за нивната донација. Ултрасоничната машина значително ќе придонесе за зголемување на практичното знаење на учениците. Среќни сме што имаме партнер како DRÄXLMAIER, затоа што на ваков начин сме директно поврзани со индустријата и заедно даваме максимален придонес за професионалниот и кариерниот рaзвој на учениците“, изјави Драган Јаневски, директор на СОУ „Наце Буѓони“. 

DRÄXLMAIER како семејна компанија која размислува и за идните генерации и понатаму останува посветена на поддршка на образовните иницијативи во регионите кадешто делува.

DRÄXLMAIER како семејна компанија која размислува и за идните генерации и понатаму останува посветена на реализацијата на проекти од областа на образованието во регионите кадешто делува.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.