DRÄXLMAIER обезбеди нова спортска опрема за женскиот кошаркарски клуб од Куманово
Нови дресови за играње официјални натпревари, тренерки и кошаркарски топки им подари DRÄXLMAIER Куманово на припадничките на женскиот кошаркарски клуб од Куманово.
Преку оваа донација, не само што ќе се зголеми инспирацијата кај кошаркарките, туку дополнително ќе се поттикнат вредностите на заедништво, практикување на тимски дух и посветено и мотивирано постигнување заеднички успеси.
„Со обезбедувањето на потребната опрема за овие млади спортистки, сигурни сме дека уште повеќе ќе го поттикнеме нивниот интерес за кошарката и ќе им помогнеме да го развијат својот целосен потенцијал. Цврсто веруваме во моќта на спортот да ги инспирира сегашните, но и идните генерации“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRÄXLMAIER Македонија.
Стручниот штаб и кошаркарките беа особено задоволни што DRÄXLMAIER го поддржа нивниот тим. „Девојките на терен покажуваат карактер и силна тимска игра. Оваа донација за нас претставува дополнителна мотивација да постигнуваме понатамошни заеднички успеси. Горди сме на соработката со DRÄXLMAIER кој ги препозна нашите потреби и нѐ поддржа“, рече Александар Крстевски, претсдедател на ЖКК Куманово.
DRÄXLMAIER покажува континуирана посветеност за промовирање на спортот и поддршка на локалните спортски тимови со цел да даде придонес за одржливиот развој на општеството од кое себе си се смета за дел.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.