DRÄXLMAIER обезбеди надгледни машини за средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко“ од Кавадарци

11. април 2025 Компанијата продолжува со поддршката за развојот на образованието

Ултрасонична машина и транспортен тролеј, подарок од DRÄXLMAIER за учениците од СОУ „Киро Спанџов – Брко“, ќе го подобрат практичното искуство за учење, обезбедувајќи им практични можности да ги развијат своите вештини и знаења и соодветно да бидат подготвени за својот професионален развој во иднина.

Еден дел од учениците во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ посетуваат практична настава во рамки на дуалното образование според германски стандарди во специјализиранaта училница на DRÄXLMAIER , а оваа донација во нивното матично училиште дополнително ќе придонесе за развојот на нивното образование. Со oвие машини тие ќе учат како се врши заварување со ултрасонична фреквенција и начин на пренос преку вртежно движење.

„Драго ни е што имаме можност да го поддржиме нашето партнерско училиште на ваков начин. Ние во Дрекслмајер веруваме во моќта на образованието и важноста на практичното искуство. Со обезбедување на овие ресурси, се надеваме дека ќе ги инспирираме и идните генерации ученици да стекнуваат и да ги прошируваат своите знаења од областа на мехатрониката и другите технички науки“, рече Томаш Мацура, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

 

Машините ќе бидат поставени во училницата којашто со поддршка од DRÄXLMAIER пред неколку години беше целосно реновирана и опремена соодветно на потребите на учениците, така што ќе се создадат идеални услови за реализирање на наставната програма кадешто учениците покрај теоретското знаење, можат да стекнуваат и практични вештини и искуства.

"Ние сме особено благодарни на DRÄXLMAIER за нивната донација. Овие машини значително ќе го подобрат образовниот процес, овозможувајќи им на учениците да го применат теоретското знаење во практично опкружување. Ова партнерство е доказ за позитивното влијание што соработката помеѓу индустријата и образованието може да го има врз нашата заедница", рече Душко Лазов, директор на СОУ „Киро Спанџов – Брко“.

Оваа иницијатива е дел од тековната посветеност на DRÄXLMAIER за поддршка на образованието и поттикнување на развојот на заедницата.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.