DRÄXLMAIER обезбеди компјутерска опрема за училиштата во Росоман, Градско и село Тремник

28. мај 2025 Компанијата во континуитет го поддржува развојот на образованието

Учениците од основните училишта во Росоман, Градско и неготинското село Тремник своите компјутерски вештини ќе ги развиваат со помош на компјутерска опрема која за нив ја обезбеди DRÄXLMAIER. Преку оваа донација ќе се подобри нивното едукативното искуство и ќе им се даде можност да навлезат подлабоко во тајните на компјутерските науки.

Компјутерските сетови ќе бидат поставени во училниците за информатика во училиштата, но и во останатите простории наменети за учениците, со што ќе се осигури дека учениците од различни возрасни групи ќе имаат пристап до модерната технологија. Учениците ќе ги користат компјутерите под надзор на нивните предметни наставници единствено за проширување и дополнување на знаењата не само од областа на информатиката, туку и другите науки. Оваа иницијатива е дел од тековната посветеност на DRÄXLMAIER за поддршка на образованието и поттикнување на технолошката писменост кај младите ученици.

„Среќни сме што имаме можност да ги поддржиме основните училишта во Росоман, Градско и Тремник со овие компјутерски донации. Нашата цел е да ги зајакнеме ресурсите коишто им се потребни на учениците за да можат да ги искористат предностите и можностите во денешниот дигитален свет. Со обезбедување пристап до технологијата, се надеваме дека ќе инспирираме нова генерација иноватори и млади кои се ориентирани кон справување со предизвиците на новото време. Веруваме дека секој ученик заслужува можност да ги развие своите вештини и компетенции на полето на компјутерските науки“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија.

Наставничкиот кадар како и учениците со радост ги прифатија донациите, потенцирајќи дека за училиштата во кои тие работат и учат, донациите во вид на компјутерска опрема се многу важни со оглед на тоа што денес сѐ повеќе се зборува за еден дигитален свет за кој младите лица треба да бидат соодветно подготвени.

Со силен фокус на ангажманот во заедницата од која себе си се смета за дел, а во насока на остварување позитивно влијание, DRÄXLMAIER реализира бројни проекти и иницијативи од областа на образованието, спортот, културата како и социјални проекти.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.