DRÄXLMAIER и СОУ „Киро Спанџов – Брко“ промовираа Прирачник за инклузивно учење
Како резултат на соработката помеѓу DRÄXLMAIER Македонија и партнерското училиште на компанијата во спроведувањето на моделот на дуално стручно образование СОУ „Киро Спанџов – Брко“и нивното заедничкото учество во проектот iLEAP Coach, беше промовиран Прирачник за инклузивно учење.
Прирачникот е наменет за училишните професори и компаниските ментори, а целта е преку соодветно насочени стратегии тие да ги надградат своите вештини и компетенции, така што ќе го подобрат нивното разбирање за академските предизвици со кои се соочуваат учениците и ќе ги поддржат на начин што ќе придонесат за унапредување на нивниот севкупен успех.
„DRÄXLMAIER во континуитет вложува во образованието на младите луѓе, но и во обуката и професионалниот развој на своите вработени меѓу кои припаѓаат и компаниските ментори. Преку четирите модули развиени во рамките на овој меѓународен проект искуствените знаења и практики на нашите тренери ќе бидат дополнително проширени“, рече Драган Јакимоски, одговорен за Тренинг и обука во DRÄXLMAIER Македонија. „За нас, како компанија, меѓународната размена на знаења и практики е особено важна и тоа го практикуваме во рамки на секојдневното работење. Но, сакам да потенцирам дека овој проект има и пошироко општествено значење, затоа што преку воведувањето на нови современи практики во реализацијата на моделот на дуално образование истото од една страна станува поатрактивно помеѓу учениците, а од друга страна овозможува создавање на подготвен кадар кој ќе може веднаш да одговори на современите барања на трудот“, додава Јакимоски.
Прирачникот е изработен врз основа на емпириски истражувања, анкети, интервјуа со ученици како и врз основа на работилници чии домаќини беа учесниците на проектот. По неколкугодишната заедничка работа, партнерите во проектот заеднички развија четири модули за дигитално учење со слободен он ланј пристап на пет јазици и тоа: Инклузивен процес на учење, Комуникациски и вештини за управување со конфликти, Употреба на дигитални алатки за едукација и Методологија за проценка на компетенциите и потенцијалот кај учениците.
„СОУ „Киро Спанџов – Брко“, веќе неколку години успешно соработува со DRÄXLMAIER во рамки на системот на дуално образование, преку кој нашите ученици реализираат учење преку работа во реални производствени услови. Оваа соработка овозможува стекнување на применливи знаења и вештини, директна подготовка за пазарот на труд, како и развој на работни навики кај учениците. СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и DRÄXLMAIER, преку овие форми на соработка, активно придонесуваат за создавање на поквалитетно, практично и поинклузивно образование за младите генерации“, вели Душко Лазов, директор на СОУ „Киро Спанџов – Брко“.
Во iLeap Coach Еразмус+ проектот во организација на BBW, една од водечките институции за стручна обука и квалификација во Германија која повеќе од 25 години работи на полето на стручно оспособување и интеграција на пазарот на трудот, покрај DRÄXLMAIER Македонија, СОУ „Киро Спанџов – Брко“ учествуваа и средни стручни училишта и партнерски компании од Германија, Кипар и Романија.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.