Доделени студентски стипендии

30. мај 2019 Дрекслмајер партнер на младите на патот кон нивниот успех.

И годинава седум студенти од техничките факултети при државните универзитети во земјава, добија стипендија од компанијата Дрекслмајер. Стипендистите се во четврта година од студиите на Машинскиот факултет во Скопје и Техничкиот факултет во Битола.

„Помеѓу многуте кандидати, горд сум што сум еден од избраните студенти кои ја добија оваа стипендија. Финансиската поддршка е важна, но сепак многу поголем предизвик и шанса гледам во можноста за практичната работа во областа на автомобилската индустрија“, рече на доделувањето на стипендиите Александар Костов, студент на Машинскиот факултет во Скопје.
Програмата вклучува месечен паричен надоместок за еден семестар, како и двомесечна пракса во компанијата. За време на практичната работа, секој од студентите добива конкретен проект за чија целосна реализација е задолжен ментор.

„Драго ми е што сум дел од менторскиот тим на избраните стипендисти. Како поранешен студент на Машинскиот факултет во Скопје би сакала да истакнам дека ова е одлична можност апсолвентите да го направат првиот чекор во својата професионална кариера и теоретското знаење практично да го применат во областа на автомобилската индустрија. Проектните задачи кои ги осмисливме се интересен предизвик и се надеваме на креативни и применливи решенија“, рече Ивана Талеска одговорна за одделот Индустриско инженерство во фабриката Дрекслмајер, Кавадарци.

Преку многубројни програми и проекти, Дрекслмајер ја следи својата долгорочна стратегија за поддршка на образованието на младите луѓе, но и нивниот професионалниот развој преку понуда на работни позиции од разновидни стручни насоки.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.