Центарот за јавно здравје Прилеп опремен со лабораторија за Ковид тестирања

10. мај 2021 Дрекслмајер донираше апарат за новата лабораторија на ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп, каде ќе се извршуваат PCR тестирања за детектирање на вирусот Ковид 19.

За опремување на молекуларната лабораторија во склоп на лабораторијата за микробиологија во ЦЈЗ Прилеп, Дрекслмајер донираше нов апарат „AB Genix“ кој претставува автоматски екстрактор на нуклеински киселини РНК и ДНК, а ќе се користи за тестирање примероци од нос и грло од пациенти сомнителни на Ковид 19. Со ова ќе се зголеми капацитетот на тестирања во градот и околината, а воедно ќе се намали времето на чекање за овој вид тестирања.

„Би сакала да искажам огромна благодарност до компанијата Дрекслмајер што ни овозможи да ја комплетираме лабораторијата за молекуларно тестирање во склоп на микробиолошката лабораторија во ЦЈЗ Прилеп. Со помош на овој апарат времето за чекање на резултатите значително ќе се намали. Истата оваа опрема во иднина ќе служи и за изолација на нуклеински киселини РНК и ДНК и за други вирусни и бактериолошки испитувања. Станува збор за опрема што ќе им служи и на идните генерации“ – рече Д-р. Драгица Николовска, директорка на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Прилеп.

Од почетокот на пандемијата Дрекслмајер во повеќе наврати донираше медицинска опрема како помош на здравствените институции во борбата со Ковид 19. Изминатиот период и ЈЗУ Општа болница Кавадарци доби четиристотини брзи тестови за брзо детектирање на вирусот.

„Како општествено одговорна компанија се стремиме да излеземе во пресрет онаму каде што е најпотребно. На овој начин, во време на глобална здравствена криза, сакаме да го дадеме својот придонес за заштита на јавното здравје, така што од една страна ќе ги подобриме условите за работа на здравствените работници со нови современи медицински апарати, а од друга страна граѓаните ќе добијат брза и ефикасна услуга. Како компанија која е партнер на регионот остануваме посветени на зајакнувањето на меѓусебната соработка во напорите за побрзо и поефикасно справување со пандемијата“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Kавадарци.

Секој од нас е дел од општеството и сноси одговорност во подобрување на јавното здравје. Затоа, да ги почитуваме пропишаните мерки за заштита и да се однесуваме совесно и одговорно.

Општи информации

за
DRÄXLMAIER Групацијата

Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.

Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.