Јуниорите на ГФК Тиквеш со нова опрема обезбедена од DRӒXLMAIER
Јуниорските екипи на ГФК Тиквеш од генерациите 2010 - 2015 ќе играат официјални натпревари со нови дресови на кои ќе стои логото на DRӒXLMAIER Македонија. Компанијата обезбеди комплетно нови маички и шорцеви во кои младите играчи ќе се чувствуваат удобно и со леснотија ќе можат да ги совладуваат спортските предизвици.
„Драго ни е што имаме можност да го поддржиме развојот на спортот во зедницата и да направиме разлика. Сигурен сум дека со заедничка поддршка на овие деца ќе им овозможиме пристојни услови за тренинг, така што тие ќе имаат можност да ги развиваат своите фудбалски вештини и да постигнуваат понатамошни спортски успеси“, рече Лукас Мирингер, Генерален директор на DRӒXLMAIER Македонија, кој ги посети јуниорските репрезентативци на нивното омилено место за тренинг, градскиот фудбалски стадион во Кавадарци.
Јуниорите на ГФК Тиквеш своите официјални натпревари ги играат не само пред домашна, туку и пред странска публика.
„Горди сме, затоа што имаме сигурен и стабилен партнер како DRӒXLMAIER кој постојано дава поддршка за развојот на спортот во нашиот град. Дечињата се навистина среќни што компанијата им обезбеди нови дресови што претставува силна мотивација за нив за и понатаму да продолжат да тренираат“, вели Миле Масларков, претседател на ГФК Тиквеш.
DRӒXLMAIER Македонија, покрај фудбалот, дава поддршка и за развојот на другите спортови. Учениците од сите основни училишта во Кавадарци имаат можност да ја посетуваат бесплатната школа за кошарка, а компанијата претходно, овозможи и комплетна спортска опрема за сениорите на градскиот ракометен клуб Тиквеш.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои повеќе од 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2023 година обртот на компанијата изнесуваше 5.6 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.