mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

Вработените во DRÄXLMAIER Куманово даруваа крв како поддршка за заедницата

Во знак на единство, емпатија и општествена одговорност, вработените во DRÄXLMAIER фабриката во Куманово учествуваа во акција за дарување крв иницирана од компанијата, потврдувајќи ја посветеноста на организацијата за поддршка на заедницата во која делува. Водени од мотото „Бидете инспирација што го движи животот напред. Дарувајте крв!“, иницијативата повлече широко учество на вработените од сите оддели.
 

Крводарителската акција со која DRÄXLMAIER Куманово го започна одбележувањето на своето петгодишно постоење во регионот на Куманово беше реализирана во просториите на компанијата во соработка со општинската организација на Црвен Крст од Куманово и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
 

Акцијата имаше за цел да овозможи суштинска поддршка за здравствените служби преку обезбедување одредени количини крв за оние на кои им е потребна и е одраз на долгорочните активности на компанијата за унапредување на добросостојбата на заедницата и промовирање култура на заедништво, емпатија и волонтеризам.
„Горд сум на посветеноста на нашите вработени и нивната подготвеност да помогнат во спасувањето животи“, вели Златко Карага, менаџер на DRÄXLMAIER фабриката во Куманово. Тој нагласи дека акцијата за дарување крв е дел од пошироката мисија на компанијата да се однесува одговорно и да заземе активна улога во обликувањето на општествената средина на локацијата кадешто делува.
 

Вработените изразија благодарност што имаа можност да учествуваат во активност којашто значи директна поддршка. „Нашиот мал придонес може да направи значајна промена во нечиј животот“, се согласија вработените додавајќи дека помошта за другите започнува со мали дела. „Среќен сум што работам во компанија која нè охрабрува да се вклучиме во ваков тип на активности и да направиме вистинска разлика“, вели Мики Денковски, вработен во компанијата.
 

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој ја посети DRÄXLMAIER фабриката во Куманово ја поздрави иницијативата за дарување крв како и ентузијазмот и волонтерскиот дух со кој вработените се приклучија во акцијата.
 

Преку активности од овој вид DRÄXLMAIER ја зајакнува улогата како партнер на заедницата и ја истакнува важноста на заедничкото дејствување со учество и ентузијастичка поддршка од страна на вработените.