
Нашите локации во Македонија
DRÄXLMАIER Group својата прва локација во Македонија ја основаше во 2012 во близина на Кавадарци. Во 2021 започна да функционира и втората фабрика во регионот на Куманово.

Локацијата во Кавадарци
Набрзо откако DRÄXLMАIER Group ја основаше DRÄXLMАIER Македонија, се формира почетниот тим, а потоа следуваа стручни обуки и тренинзи за вработените во земјата и странство. Производството на кабелски сетови за премиум сегментот во автомобилската индустрија беше преместено од привремената хала во ново изградена хала во близина на Кавадарци, а DRÄXLMАIER Македонија стана еден од најголемите работодавачи во земјата и лидер во процесот на имплементација на дуалното стручно образование во средните училишта.
2012: Почетокот е означен
Во 2012 година DRÄXLMAIER Group ја основа фирмата DRÄXLMAIER Македонија. По оформувањето на првичниот тим за идните вработени беа организирани стручни обуки и тренинзи во земјата и странство. Кон крајот на годината стратуваше производствениот процес, првично во привремена хала во Кавадарци, а истовремено започна изградбата на нова производствена хала во близина на Кавадарци.
2013-2014: Почеток на сериско производство
Кабелски системи за премиум сегментот
Означен е почетокот на сериското производство на кабелски системи за премиум сегментот во автомобилската индустрија. Истата година производството се преместува во новоизградените производствени капацитети.
2015 - 2016: Најголем работодавач
Зголемен број на нарачки
DRÄXLMAIER станува еден од најголемите работодавачи во Македонија. Како резултат на висококвалитетен производ и зацврстување на стекнатата доверба кај клиентот, бројот на нарачките се зголемува за што се активираат и нови производствени линии.
2018 - 2019: Семеен ден
Семејно-компаниска забава
Илјадници гости, вработени во DRÄXLMAIER, но и нивните најблиски беа дел од традиционалната семејно-компаниска забава. Вработените ги донесоа членовите на нивните семејства во фабриката, каде ги очекуваше целодневна забава и разонода. Истовремено, тие добија можност да видат каде нивните најблиски го поминуваат својот работен ден.
2022: 10 години DRÄXLMAIER Македонија
Одбележано успешното 10 годишно постоење во земјата
DRÄXLMAIER, заедно со своите вработени, реализираше успешни проекти кои придонесоа за зајакнување на довербата кај клиентите и беа основа за доивање нови проекти и понатамошен успех. Исто така, компанијата реализираше бројни проекти за поддршка на заедницата од областа на образованието, спортот, културата како и социјали проекти.
Денес: DRÄXLMAIER во иднина
Мобилност на иднината
Во иднина, автомобилите ќе работат автономно, мрежно и целосно напојувани со електрична енергија. DRÄXLMAIER е веќе оптимално подготвен за промените во автомобилската индустрија. Сакате ли да помогнете во обликувањето на иднината на DRÄXLMAIER?
Насоки до локацијата Кавадарци
ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг
Македонија ДООЕЛ
Индустриска Зона - Телот
1430 Кавадарци
Р. Македонија
Фабриката DRÄXLMAIER се наоѓа во Кавадарци, на 3 километри од центарот на градот.
Доаѓање од Скопје:
Од Меѓународниот аеродром Скопје возете по автопатот Е75 насока Солун. По 57 километри исклучете се од автопатот Е75 и свртете лево накај Општина Росоман (се вклучувате на регионалниот пат А1). На 4 километри по исклучувањето од автопатот, повторно свртете лево и вклучете се на регионалниот пат А1107. Потоа, на 8 километри од Вашата десна страна ќе ја забележите фабриката DRÄXLMAIER.
Доаѓање од Тесалоники:
По влегувањето во Р. Македонија од граничниот премин „Богородица“, продолжете право по автопатот Е75 правец Скопје. По 66км исклучете се од автопатот Е75 (за влез во Неготино), свртете десно и вклучете се на регионалниот пат А1103. Поминувате низ Неготино и продолжувате право за Кавадарци. На 10 км свртете десно на истиот регионален пат кој всушност претставува обиколница околу Кавадарци. Потоа, на 1,3 км повторно свртете десно. Продолжете право и по 2,7 км од Вашата лева страна ќе ја забележите фабриката DRÄXLMAIER.
Google Maps
Локацијата во Куманово
На DRÄXLMAIER локацијата во Куманово основана во 2021 се произведуваат специфични жичени кабелски сетови прилагодени на потребите на клиентите од премиум сегментот во премиум автомобилската индустрија. Таму, исто така, функционира и Одделот за автомобилски антени (Data wires) кадешто се користи високоавтоматизирана технологија која е на врвот на атрактивноста во автомобилската индустрија и истовремено се стекнува работно искуство единствено од таков тип во регионот.
2021: Почетокот е означен
Веднаш откако првичните тимови беа формирани, следуваа соодветни обуки и тренинзи за вработените кои целосна поддршка добија и од Групацијата, но и од своите колеги од локацијата Кавадарци. Истата година продолжува сериското производство и воспоставен е и Одделот за автомобилски антени. Бројот на вработени континуирано се зголемува.
2022: Нова производствена хала
Преместување на дел од производството во нова хала
Откако во кругот на постоечкиот производствен објект беше изградена нова производствена хала според највисоките DRÄXLMAIER стандарди, дел од производството беше преместено во новата хала. Бројот на вработени и натаму расте.
2024: Семеен ден:
Семејно - компаниска забава
Традиционална семејно - компаниска забава беше организирана во кругот на фабриката, а вработените заедно со членовите на нивните семејства заеднички се дружеа и се забавуваа во пријатна и весела атмосфера. Гостите имаа можност да видат каде нивните најмили го поминуваат работното време.
Денес: DRÄXLMAIER во иднина
Мобилност на иднината
Во иднина, автомобилите ќе работат автономно, мрежно и целосно напојувани со електрична енергија. DRÄXLMAIER е веќе оптимално подготвен за промените во автомобилската индустрија. Сакате ли да помогнете во обликувањето на иднината на DRÄXLMAIER?
Насоки до локацијата Куманово
ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг
Македонија ДООЕЛ
Населено место без уличен систем - Речица
1300 Куманово
Р. Македонија
Фабриката DRӒXLMAIER се наоѓа во Куманово, на девет километри од центарот на градот.
Лоцирана е директно на автопатот Е75 (А1) веднаш позади бензинската пумпа на седум километри пред граничниот премин Табановце на излезот од Македонија, односно по седум километри по граничниот премин Табановце при влез од Р. Србија.
Google Maps