mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

Од практиканти до професионалци: DRÄXLMAIER додели сертификати за успешно завршена практична настава

Практикантите од четврта година кои посетуваа практична настава во DRÄXLMAIER во рамки на дуалното стручно образование според германски стандарди добија сертификати за Техничар по индустриска мехатроника и со тоа успешно ја завршија практична настава. Дел од нив својата професионална иднина ќе ја продолжат како дел од тимот на DRÄXLMAIER во Кавадарци, а еден дел своето образование ќе го продолжат на некој од техничките факултети.
 

„Особено сме горди на нашите практиканти и нивните достигнувања. Стекнатите сертификати се доказ за нивното посветено учење, мотивација, но и желбата за понатамошен професионален развој. Среќни сме да им посакаме добредојде на дел од нив во нашето големо DRÄXLMAIER семејство, а им посакуваме понатамошни достигнувања и на оние кои ќе го продолжат своето образование. Нивниот успех е и наш успех“, вели Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија.
 

Практичната настава во DRÄXLMAIER се одвива во специјализираната училница во фабриката, а под менторство на специјализирани тренери и програма која во континуитет се унапредува и се прилагодува, така што на учениците им се овозможува да стекнат широки знаења од областа на мехатрониката.
 

„Ова практикантство за мене има непроценливо искуство. Воодушевен сум што ќе ја продолжам мојата кариера во DRÄXLMAIER и ќе придонесам заедно со моите колеги во земјата и ширум светот да ја обликуваме мобилноста на иднината“, рече Славчо Димитров, еден од практикантите што ќе се приклучат на тимот во Кавадарци. Александар Костов, кој одлучи да го продолжи своето образование на факултет вели дека е благодарен за можноста да учи и да напредува преку програмата за дуално образование според германски стандарди.
Меѓународната програма за практиканти е само уште еден начин на кој Групацијата DRÄXLMAIER придонесува за развојот на младите луѓе со висок потенцијал. Во текот на реализацијата на различни задачи тие учат да работат во интеркултурни тимови, да размислуваат за себе и да ги планираат своите кариери. Опсегот на задачи на кои работат промовира интердисциплинарно размислување, им помага да стекнат знаење и да изградат широка мрежа во рамките на компанијата.
 

На примопредавањето на сертификатите организирано од страна на компанијата присуствуваа раководителите на различни оддели во компанијата, директорот на СОУ „Киро Спанџов-Брко“ кое е партнерско училиште на DRÄXLMAIER во дуалното образование како и дел од гордите родители на практикантите.
 

Како семејна компанија DRÄXLMAIER вложува многу во образованието на младите луѓе, така што обезбедува квалификувана работна сила која е подготвена да одговори на најсовремените барања на пазарот на трудот.