Медицинска опрема, подршка од DRÄXLMAIER, за болницата во Кавадарци
Во знак на искрена поддршка на заедницата, DRÄXLMAIER донираше два дефибрилатори и еден ЕКГ апарат за општата болница во Кавадарци. Целта на оваа донација е да се зајакне капацитетот на болницата со цел обезбедување соодветна нега на пациентите на кои им е потребна помош.
Дефибрилаторите и ЕКГ апаратот дизајнирани за соодветна медицинска употреба, се неопходни во справувањето со животозагрозувачки кардиолошки итни случаи. Еден од дефибрилаторите заедно со ЕКГ апаратот се користат во болничките простории за укажување прва помош, а вториот дефибрилатор е поставен во едно од болничките транспортни возило осигурувајќи дека медицинскиот персонал може брзо и ефикасно да реагира во случаите кадешто секоја секунда е важна. Овие уреди се опремени со специфични поставки, што овозможува безбедна и прецизна интервенција прилагодена на специфичната физиологија на лицата на кои им е потребна помош.
„Поддршката на локалните здравствени установи не е само одговорност, туку и привилегија“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRÄXLMAIER Македонија. „Со донирање на оваа опрема, се надеваме дека ќе направиме значајна разлика и дека здравствените работници ќе располагаат со соодветна медицинска опрема за подобра грижа“, додаде Мацура.
Новата медицинска опрема веднаш е веќе интегрирана и е достапна за употреба во рутинската и итната нега.
„Оваа донација е значаен придонес за капацитетите на нашата болница. Дефибрилаторите и ЕКГ апаратот директно ќе влијаат на квалитетот на грижата што им ја овозможуваме на нашите пациенти. Искрено сме благодарни на DRÄXLMAIER за нивната посветеност за унапредување на здравјето во нашата заедница“, рече Др. Гордана Камчева, директор на општата болница во Кавадарци.
Во текот на изминатите години, DRÄXLMAIER за болницата во Кавадарци донираше медицинска опрема како гастроскоп и колоноскоп за дијагностички процедури, регулатори на боци со кислород за поддршка на респираторна нега како и наменско возило за медицинскиот персонал на болницата, подобрувајќи ја мобилноста и услугите за помош на терен и друга дополнителна медицинска опрема.