mk

Изберете го вашиот регион:

Официјална веб страна:

DRӒXLMAIER со поддршка за трката Born2Run 2026

{f:if(condition: mediaElement.alternative, then: mediaElement.alternative, else: f:if(condition: mediaElement.title, then: mediaElement.title, else: newsItem.title))}

Како општествено одговорна компанија која континуирано вложува во иницијативи што придонесуваат за благосостојбата на заедницата, DRӒXLMAIER Куманово го поддржа осмото издание на спортско-рекреативниот настан Born2Run во организација на Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово.

 

Настанот се одржа во централното градско подрачје на Куманово и привлече околу 300 учесници, кои се натпреваруваа на две трки, на патеки од 3 и 10 километри. Меѓу учесниците беа и вработени од DRӒXLMAIER, кои преку своето учество ја потврдуваат посветеноста кон здравиот начин на живот и личниот развој.

Во рамки на партнерството, DRӒXLMAIER обезбеди освежителни пакетчиња за учесниците кои содржат протеинска плочка, вода, изотоничен пијалок и банана, како и медали за сите натпреварувачи кои успешно ги завршија трките на 3 и 10 километри.

„Во DRӒXLMAIER веруваме дека грижата за здравјето, физичката активност и позитивниот животен стил претставуваат важни предуслови за личен и професионален развој. Затоа со особено задоволство го поддржавме настанот Born2Run, кој преку спортот ги обединува луѓето и поттикнува позитивни вредности. Горди сме што наши колеги беа дел од оваа иницијатива и придонесоа кон нејзината успешна реализација“, изјави Златко Карага, Mенаџер на DRӒXLMAIER Куманово.

Поддршката на Born2Run е дел од пошироката заложба на компанијата за создавање одржлива вредност во заедниците во кои работи. Преку партнерства со образовни, спортски и општествено корисни проекти, DRӒXLMAIER придонесува за поттикнување позитивни промени и подобрување на квалитетот на живот.

„Born2Run претставува можност да бидеме дел од активна заедница, да ги промовираме здравите навики и да покажеме дека тимскиот дух не се гради само на работното место, туку и надвор од него. Особена чест е што компанијата во која работиме го препознава значењето на ваквите иницијативи и активно ги поддржува“, рече Јована Трајковиќ, вработена во DRӒXLMAIER и учесничка на трката.

Организаторите нагласуваат дека поддршката од компаниите има значајна улога во развојот и одржливоста на спортските настани кои ја промовираат физичката активност кај граѓаните.

„Во изминатите осум години Born2Run прерасна во препознатлив настан кој ги обединува луѓето околу спортот, здравите животни навики и позитивната енергија. Поддршката од DRӒXLMAIER претставува значаен придонес за организацијата на настанот и потврда дека бизнис-заедницата препознава и поддржува иницијативи кои создаваат долгорочна вредност за општеството“, изјави Јована Јордановска, претставник на Центарот за интеркултурен дијалог.

Со учеството во вакви проекти, DRӒXLMAIER продолжува да ја реализира својата определба за поддршка на активности кои придонесуваат за унапредување на здравјето, благосостојбата и квалитетот на живот на граѓаните, истовремено поттикнувајќи култура на активност, одговорност и заедништво.