DRӒXLMAIER донесе радост во градинката во село Бистренци
Благодарение на донацијата од DRӒXLMAIER, децата од клончето „Развигорче“ во село Бистренци, кое функционира во рамки на детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија, дел од своето време во градинката ќе го поминат надвор играјќи на новите реквизити. Голем замок, клацкалка, играчки за лулање и играчки на федер, дизајнирани според возраста на децата се поставени во дворот на градинката и ќе овозможат бескрајна забава на отворено.
Новата опрема ќе поттикне физичка активност, креативност и социјална интеракција меѓу децата. Замокот ќе овозможи имагинативна игра, клацкалката и лулашката ќе ја промовираат координацијата, а играчките на федер ќе понудат различни сензорни искуства.
„Среќни сме што можеме да придонесеме за благосостојбата на децата од предучилишна возраст. Секое од нив заслужува безбедна средина за играње каде што истовремено ќе може да ги развива своите когнитивни и психолошки функции“, рече Томаш Мацура, Генерален менаџер на DRӒXLMAIER Македонија.
Веднаш по поставувањето на реквизитите во дворот на градинката, децата под надзор на воспитниот кадар имаа можност да ги истражат и да уживаат во едно ново искуство.
„Исклучително сме благодарни на DRӒXLMAIER за оваа прекрасна донација“, изјави Менча Николова, директорка ООУ „Димче Ангелов - Габерот“ во чии училишни капацитети функционира и клончето „Развигорче“. „Овие нови реквизити се вистинска радост за децата. Драго ни е што компаниите кои се дел од заедницата ги препознаваат потребите на образовните институции и нѐ поддржуваат“, додава Николова.
DRӒXLMAIER е семејна компанија со традиција од над 65 години која размислува долгорочно и за идните генерации, особено инвестирајќи во образованието на младите кои ја градат иднината на општеството.
Општи информации
за
DRÄXLMAIER Групацијата
Групацијата DRÄXLMAIER ги снабдува врвните производители на автомобили ширум светот со сложени жичени системи од кабелски сетови, централни електрични и електронски компоненти, ексклузивни ентериери и системи од батерии за електрична мобилност. Комбинацијата од суштинските компетенции на полето на ентериерот, електричните и електронските, како и системите од батерии го прават DRÄXLMAIER уникатен во оваа индустрија. Токму затоа компанијата го покрива целосниот синџир на процесот, од првичната идеја, преку развојниот и производствениот процес, па сè до прецизната испорака на производите во секвенца до линиите за монтажа на врвните производители на автомобили. Творецот на специфичните жичени кабелски сетови изработени по барањата од клиентот, DRÄXLMAIER Групацијата, ја развива пионерската технологија за жичени кабелски сетови, но и за електричните и електронските компоненти, директно и единствено во рамките на организацијата. Производите ги вклучуваат повеќе-напонските и високо-напонските жичени системи од кабелски сетови, системи за управување со батеријата и паметни дистрибутери на струјата. DRÄXLMAIER веќе работи на иднината, која подразбира мобилност без емисија на штетни материи, со своите решенија за ниско-напонски и високо-напонски системи од батерии. Како лидер на пазарот во изработката на комплетен ентериер за премиум автомобилите, DRÄXLMAIER Group ги снабдува познатите производители на автомобили и со решенија за амбиентално осветлување, централни конзоли, облоги за врати и инструмент табли, како и со целосни модули за врати и кокпит модули. DRÄXLMAIER Групацијата e меѓународен добавувач во автомобилската индустрија со повеќе од 60 фабрики во преку 20 земји. Основана во 1958 година, со главно седиште во Германија, компанијата брои околу 70.000 вработени ширум светот. За DRÄXLMAIER Групацијата, како компанија која е управувана од сопствениците, одговорното и долгорочното размислување секогаш биле основата за економскиот успех. Затоа ваквиот начин на делување е составен елемент од стратегијата на компанијата при создавањето на деловните и производствените процеси и на своите производи на поодржлив начин, кој пак ќе доведе до зголемување на конкурентноста на компанијата на долгорочна основа. Освен тоа, DRÄXLMAIER е истраен во посветеноста да постигне целосно намалување на емисијата на јаглерод диоксид во животната средина до 2050 година.
Во 2024 година обртот на компанијата изнесуваше 5.5 милијарди евра. Клиентите на овој добавувач, кој се вбројува во првите 100 добавувачи од автомобилската индустрија, ги вклучуваат: Audi, BMW, Jaguar, Land Rover, Maserati, Mercedes-Benz, Porsche и Volkswagen, како и калифорниските производители на автомобили.